ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Талибанците ја повикаа меѓународната заедница за соработка

October 12, 2021 10:18
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Талибанските власти во Авганистан ја повикаа меѓународната заедница за соработка и добри односи. Тие избегнаа цврсто да се определат за овозможување образование на девојчињата и покрај барањата од светот. Речиси два месеца откако поранешната влада поддржана од Западот ја напушти земјата, а бунтовничките сили влегоа во Кабул, новите талибански власти се обидуваат да ги подобрат односите со другите земји за да помогнат да се спречи катастрофална економска криза.

– Наместо притисок, меѓународната заедница треба да започне да соработува со нас. Со тоа ќе се запре несигурноста, а истовремено, позитивно би се ангажирале во светот, порача вршителот на должност министер за надворешни работи, Амир Кан Мутаки, на настан организиран од Центарот за конфликти и хуманитарни студии во Доха.

Талибанците досега одбиваа да им дозволат на девојчињата да се вратат во средно училиште, што е едно од клучните барања на меѓународната заедница, откако власта во Кабул минатиот месец одлучи да ги отвори училиштата над шестото одделение, но само за момчиња.

Мутаки истакна дека талибанското раководство внимателно ги мери своите потези, но дека е на власт само неколку недели и дека не може да се очекува да ги заврши реформите кои меѓународната заедница не успеа да ги спроведе за 20 години.

Талибанскиот министер ги повтори повиците до Вашингтон да ги одмрзне резервите на авганистанската централна банка во вредност од над девет милијарди долари, кои се чуваат надвор од земјата, но исто така рече дека власта има приходи од даноци, царински тарифи и земјоделство доколку тие средства останат замрзнати.

Тој нагласи дека меѓународната заедница мора да најде начини да испрати пари за авганистанската економија за да се спречи целосен колапс./МИА/.

Next Post

„Тојота“ со нови сончеви батерии за своите автомобили

НАЈНОВО

Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

Судијка трајно го блокира распоредувањето на Националната гарда во Портланд

November 8, 2025

Почина нобеловецот Вотсон – еден од научниците што ја откри структурата на ДНК

November 8, 2025

ЛДП ќе бара поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk