ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Харис повика да не се заборави „срамното минато“ со третманот кон домородните народи во Америка

October 13, 2021 11:01
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Европските први доселеници кои стапнале на бреговите на Америка предизвикале „бран опустошување на племенските народи, причиниле насилство, краделе земја и рашириле болести“, изјави денеска американската потпретседателка Камала Харис. 

-Ние не треба да го игнорираме тоа срамно минато. Ние мораме да го осветлиме и да направиме сѐ што е во наша моќ да се надмине влијанието на минатото врз локалните заедници денес, изјави таа во обраќање пред Националниот конгрес на американските индијанци, најголемата организација во САД за заштита на домородните народи. 

Настапот на Харис следува ден по празникот Ден на Колумбо, кој во некои делови на САД се одбележува во чест на годишнината од пристигањето на Кристофер Колумбо, и по неодамна утврдениот Ден на домородните народи. 

Празникот на Колумбо во САД се слави од 1934 година, и бил воведен во потрага по историска личност кој би можела да ја сплоти нацијата, составена од повеќе крупни дијаспори. Италијанската дијаспора, која тогаш била највилјатена, за таа улога го предложила Колумбо и лобирала во Конгресот да се воведе празник во негова чест. 

Според некои анкети, Колумбо е трета историска личност по популарност во САД после Џорџ Вашингтон и Абрахам Линколн.  

-Секој октомври во САД се одбележува патувањето на европските доселеници, првите Американци кои стапнале на овие брегови. Но тоа не е целосна историја, и тоа никогаш нема да биде целосната историја, изјави Харис на конференцијата. 

Taa кажа дека администрацијата на Бајден треба да го преиспита Меморандумот за заемно разбирање со племенските нации кој предвидува федерална парична помош за професионална обука во племенските земји. Документот беше разгледан во 2018 година, за време на разговори меѓу 12 федерални агенции, но без учество на претставници на племињата.

извор: МИА

Next Post

Нуредини: Со спроведените правни реформи обезбедуваме подобра правна и судска заштита на животната средина

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk