ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Скринингот на учениците за присуство на Ковид-19 ќе започне следната седмица

October 13, 2021 11:55
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Скринингот на учениците за присуство на вирусот на Ковид-19 ќе започне следната седмица, со задоцнување од една недела поради подолгото траење на анализата за опфатот на учениците во основните и средните училиштата, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

-Моделот за скринингот е готов. Задоцнивме една недела, требаше да започне оваа недела, но нешто подолго потраја анализата на учениците по училишта, во осоновни и во средни. Со оглед дека сега е подготвена методологијата, од утре ќе започнеме да бараме заедно со МОН писмена согласност од родителите согласно методологијата. Јас верувам дека до крајот на оваа и почетокот на следната недела тоа ќе се обезбеди за да во текот на следната недела и практично се спроведе скринингот, рече Филипче на новинарско прашање до каде е постапката со скринингот по обраќањето на настан за подигање на свесноста за значењето на донирање органи и ткива во лекување и спасување човечки животи.

Појасни дека се знае колкава бројка во кој од класовите во кои училишта ќе бидат опфатени согласно бројката на училишта во општините и ученици во тие училишта, и основни и средни. Верува дека тоа брзо ќе се спроведе бидејќи ќе се прави преку електронскиот дневник како и поради можноста на родителите веднаш да одговорат.

-Апелирам да го прифатат скринингот. Не е тоа ништо страшно, се зема опбичен бриз кај децата, исто како брисевите за детектирање и на други причинители на горнореспираторни инфекции со цел за пократко време да имамаме еден пресек, една слика. Сега епидемиолошката ситуација е прилично мирна, немаме заболени деца, немаме хоспиталиизрани деца. Десетина до 15 деца се во болницата во Козле и во ниту една друга институција. Нема податоци за ниту една друга трансмисија во училиштата, но битно е да знаеме дали еветуално би откриле асимптоматски носители на вирусот кај децата, рече Филипче.

Во однос на дополнителната препорака и мерка за влез во затворени објекти само на лица со две примени дози вакцина, Филипче најави дека ќе се дискутира на следниот Централен штаб во Владата што треба да се одржи наредниот понеделник согласно препораките на Комисијата за заразни болести.

-Веројатно ќе оставиме уште една или две недели дополнитени со оглед на тоа што веќе е најавено, за да почне да важи препораката да во сите затворени места, согласно сегашните мерки на Комисијата, наместо со една доза биде потребен сертификат со две дози на примени вакцини, посочи министерот за здравство Венко Филипче по настанот за подигање на свесноста за значењето на донирање органи и ткива, како и коскена срцевина во лекување и спасување човечки животи.

Целта на скринингот, како што порано минатата недела изјави Филипче, е да се утврди дали постојат асимптоматски носители на вирусот меѓу децата и дали тој се пренесува во самите училишта. Со скринингот треба да се опфатат околу 8 200 деца, кои ќе се тестираат по случаен избор, за што ќе се бара и писмено одобрение од родителите./ МИА/.

Next Post

Пладневен преглед: Македонските сертификати за вакцинација признаени во Обединетото Кралство, новата иднина на Мицкоски е далечно минато за Заев

НАЈНОВО

СДСМ: Предлог-буџетот за 2026 е признание за економската неспособност на Владата

October 30, 2025

„Гунвор Груп“ го презема меѓународниот бизинс на „Лукоил“

October 30, 2025
Генерирано со ВИ

Оби Микел: Салах не личи на себе, тој е сенка од своето поранешно јас

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk