ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Локалните избори во детали: Советите се бираат во еден круг, за градоначалник можно е да има и втор круг

October 16, 2021 20:35
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На Локалните избори 2021 право на глас ќе имаат 1.824.864 гласачи впишани во Избирачкиот список. На седмите по ред избори за градоначалници и општински совети за 80 општини и Град Скопје, граѓаните утре ќе избираат нови градоначалници и општински совети од пријавените 299 кандидати за градоначалници и 10.532 кандидати за членови во општинските совети, покажуваат податоците на ДИК, информира МЕТА.

За да може да се изврши успешен избор на градоначалник, неопходно е на избирачките места да излезат една третина од вкупниот број гласачи кои се запишани во Избирачкиот список во конкретната општина. Доколку не се обезбеди ваквиот праг, треба да се повтори целата изборна постапка во сооветната општина.

За локалните избори е значајно да се спомене дека изборот на советници во општинските совети се врши само во првиот изборен круг на 17 октомври, при што распределбата на советници се врши според бројот на освоени гласови по Донтовата формула.

За разлика од изборот на членовите во општинските совети, кај градоначалниците е неопходно во првиот круг еден од кандидатите да освои мнозинство гласови во конкретната општина, а доколку не се постигне ваквиот услов, двајцата кандидати за градоначалници кои освоиле најмногу гласови во првиот круг, ќе се натпреваруваат во втор круг којшто ќе се одржи на 31 октомври.

За граѓаните кои живеат во една од 10-те скопски општини, важно е да се напомене дека ќе гласаат на четири одделни избирачки ливчиња, и тоа: за кандидати за градоначалник на Град Скопје и за нивната конкретна општина, како и за кандидатите за членови на Советот на град Скопје, и дополнително, за членови на општинскиот совет во нивната општина.

За првпат на изборите во земјава, утре на избирачките места ќе се гласа со биометриска проверка на секој одделен гласач. Пред да може секој граѓанин впишан во Избирачкиот список да гласа, неопходно ќе биде преку уредот за биометриска идентификација да се провери неговиот отисок на прст, којшто ќе треба да се совпаѓа со отисокот кој го има во базата која е внесена во уредот за идентификација.

Претседателот на ДИК, Александар Даштевски на денешната прес-конференција изјави дека за објавувањето на изборните резултати од ДИК можно е овој пат да треба повеќе време, бидејќи ќе се споредуваат резултатите од ливчињата со дадените отпечатоци од прсти на гласачите.

„Можеби ќе биде малку поспоро од порано, меѓутоа ќе биде доволно брзо за да граѓаните на време бидат информирани, подобро да информираме точно кои се резултатите отколку да брзаме“, рече претседателот на ДИК, Александар Даштевски.

Next Post

Преглед на денот: Се зголемуваат случаите на давање поткуп во замена за гласови, ДИК максимално подготвени за изборите, Фејсбук профил лажно се претставува како сопругата на Пендаровски

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk