ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ОДИХР: Локалните избори беа конкурентни со почитување на основните слободи, останува загриженоста околу правните недостатоци

October 18, 2021 18:53
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

И покрај активната и генерално мирна изборна кампања, дебатите базирани на прашања беа засенети од зголемено негативната реторика, која особено беше насочена кон кандидатките. Родовата еднаквост и правата на жените во голема мера отсуствуваа од партиските кампањи, во кои жените исто така останаа недоволно застапени.

Набљудувачката мисија на ОДИХР оцени дека вчерашниот изборен ден поминал во наптреварувачка атмосфера, со почитување на основните избирачки права на сите граѓани. Првичните забелешки се однесуваат на тоа дека најголемите политички партии користеле многу повеќе јавни средства во текот на предизборната кампања, со што имале и предност во однос на помалите партии. На прес-конференцијата се обрати шефица на Набљудувачката мисија за изборите на ОДИХР, Тана де Зулуета.

„Беше добро да се видат голем број кандидати слободно да водат кампања низ целата земја“, рече г-ѓа де Зулуета. „Но, беше очигледно од нашето набљудување дека најголемите партии го користеа законот за да остварат доминација на политичкото поле. Ова јасно го искривува системот во нивна корист“.

Шефицата на набљудувачката мисија, Де Зулуета, констатираше  дека  за прв пат во Северна Македонија се воведува биометриската идентификација на гласачите, и иако чекорот беше генерално поздравен како мерка за спречување измама, на временската рамка за нејзина имплементација на национално ниво недостасуваше пилот-проект или сеопфатно тестирање. На самиот ден на изборите, беа забележани чести проблеми со биометриските уреди за идентификација. Процесот на отворање и гласање беше позитивно оценет низ целата земја, но имаше проблеми како што се групно гласање, како и процедурални грешки при пребројување и сумирање“.

Измените на изборното законодавство уживаа широка политичка поддршка, но беа усвоени само еден месец пред изборите без јавна дебата или консултација, што не е во согласност со меѓународната добра практика. Во исто време, изборната администрација ги запази повеќето законски рокови и направи напори да се прилагоди на неколку задоцнети измени. Сепак, нејзиниот капацитет и способност самостојно да ја извршува својата работа беа загрозени поради недостаток на постојан персонал и испразнети работни места на клучните позиции.

Таа се осврна и на изборната кампања , каде и покрај активната и генерално мирна изборна кампања, дебатите базирани на прашања беа засенети од зголемено негативната реторика, која особено беше насочена кон кандидатките. Родовата еднаквост и правата на жените во голема мера отсуствуваа од партиските кампањи, во кои жените исто така останаа недоволно застапени. Набљудувачите, исто така, забележаа изолирани случаи на заплашување на кандидатите, како и наводи за притисок врз кандидатите да се повлечат како и купување на гласови.

Next Post

Дерала на Топ Тема: Владејачките партии поминаа и подобро отколку што очекував, ова е најнесреќното време за владеење

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk