пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ
Од медиумските толкувања на последната анкета на МЦМС и ИДСЦ, најинтересни се оние што инсистираат дека Мицкоски има мало водство пред Заев кај Македонците, иако во вкупни бројки Заев води пред Мицкоски. Демек, другите гласови се неважни, не се бројат на избори?
Што со гласовите на Албанците, каде што Мицкоски има нула? А да не зборуваме за гласовите на „останатите“, тие не ги ни есапат „бројачиве“ на македонски гласови? Сега не ги интересира „а што со правата на другите заедници“?
Да ги потсетам прегорениве „бројачи“, секој глас на секој граѓанин е еднаков во нашата земја, и според Уставот, и според законите. А на 12 април ќе видат каде ќе ги однесат етноцентристичките политики кои создаваат граѓани и гласачи од прв и втор ред.