Претседателот на Собранието, Талат Џафери, обвини дека државниот ревизор, АВМУ, МРТВ и ред други важни институции се жртви на политички инаети и несогласувања меѓу политичките партии. “Моја надлежност е да свикам пленарна седница за тие точки, откако ќе заврши работата во Комисијата или да свикам седница на Комисија, ако претседателот на истата не го прави тоа. Ние имаме свикување на Комисија, но немаме епилог заради негогласувања и партиски инаети”, изјави меѓу другото Џафери на денешниот брифинг за новинари.
Тој потсети дека државен ревизор немаме веќе една година, а тоа е многу важна институција. Џафери ги повика партиите да ги остават инаетите и да ја надминат ситуацијата.
Арбен Зеќири