ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Антоновски за БГНЕС: Да инвестираме во зближување меѓу Бугарија и Северна Македонија

October 22, 2021 13:48
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Треба да се инвестира во зближувањето меѓу Бугарија и Северна Македонија, бидејќи тоа е посоодветна политика од сегашната стагнација во билатералните односи, вели директорот на МИА Драган Антоновски во интервју за бугарската агенција БГНЕС.

– Односите меѓу двете земји мора да се градат. Во моментов сме во фаза на разградување или стагнација. Посоодветно е да се инвестира во она што не зближува, отколку во она што не раздвојува, вели Антоновски.

Според него, сите прашања што постојат во односите меѓу двете земји може да се решат, но прашање е дали тоа ќе се случи во ова време.

– Едно е политиката, а друго се граѓаните, друго се луѓето, друго се чувствата. Тука има многу елементи, но сегашната состојба го спречува градењето добри односи, додава Антоновски.

Осврнувајќи се на локалните избори во земјава, Антоновски оценува дека ниската излезност на гласачите треба да претставува сериозен сигнал за сите партии, а како нов феномен на овие избори, што може да се толкува и како изненадување, го посочува, подемот на независните кандидати кои се „опозиција и на актуелната и на претходната власт“.

– Во македонскиот контекст полесно е да се биде во опозиција, отколку на власт. Кај нас правило е да се гласа „против“, а не „за“. Мислам дека и опозицијата беше изненадена од бројот на гласовите. На претходните избори успехот на СДСМ беше резултат на цунамито против Никола Груевски и претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ. Но, тоа не значеше поддршка за партијата што дојде на власт. Во моментов нема такво цунами против Владата на Зоран Заев, вели Антоновски.

Околу можност за предвремени парламентарни избори во земјава, Антоновски вели дека засега е рано да се зборува за таква опција и треба да се почека да се види како ќе заврши вториот круг од локалните избори.

На оценката дека „македонската политичка сцена е генерално левичарска, без автентична десница“, Антоновски вели дека во земјава нема ниту класична десница, ниту класична левица.

– Да, политичките партии се декларираат како десни, леви или во центарот, но не сум убеден дека тие сериозно ги застапуваат соодветните вредности, додава Антоновски во интервјуто за БГНЕС. /МИА/.

Next Post

Заев - Шмид: Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 е признание за политиките на соработка и дијалог

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk