Претседателот на партијата Странка на Демократска Акција (СДА), Џелал Хоџиќ, предводеше партиска делегација на средба со Бакир Изетбеговиќ, претседател на СДА Босна и Херцеговина, во Сараево.
Како што изјавија од СДА за Фронтлајн, Хоџиќ го информирал Изетбеговиќ за интеграцијата на бошњачката заедница во Република Северна Македонија. Претседателот на СДА БиХ, г-дин Изетбеговиќ ги нагласил одличните односи, без отворени прашања помеѓу, Северна Македонија и Босна и Херцеговина.
Хоџиќ, ја потенцираше важноста на членството на Република Северна Македонија во НАТО за целиот регион на Западен Балкан, нагласуваат од СДА Македонија.
Хоџиќ и Изетбеговиќ се согласиле дека Странка на демократска акција (СДА) треба да даде дополнителен квалитет во одличните односи помеѓу двете држави. Посебен напор треба да се направи да се подобри економската соработка и трговската размена. Посебен потенцијал има развојот на туризмот помеѓу двете држави, заклучиле Хоџиќ и Изетбеговиќ.
Ј. Ѓ.