Носителката на советничката листа на СДСМ и коалицијата, Атина Мургашанска денеска на прес-конференција истакна дека протекува кровната конструкција на повеќе училници во основните училишта Браќа Миладиновци и Крсте Мисирков, проблем за кој градоначалникот не информирал деновиве, а сретствата веќе биле доделени од страна на Советот на Општина Куманово, пренесува локалната телевизија Тв Плус.