Кандидатката за градоначалничка на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, од 2011 година имала бугарско државјанство. Таа изминативе десет години имала резервна татковина, соопштија од владејачката СДСМ на прес-конференција.
Арсовска исто така е и почесен Конзул на Република Унгарија, каде што избега поранешниот премиер Никола Груевски.
„Не може Арсовска да се грижи за интересите на скопјани кога има бугарско државјанство и е почесен Конзул на Република Унгарија“ кажаа од СДСМ.
Како што беше нагласено, ова е класично потценување и навреда за скопјани, по што се поставува прашањето дали Арсовска е странска инсталација и уште колку тајни крие од скопјани?
„Зарем мислите дека скопјани ќе дозволат некој кој е инсталација на Груевски од Будимпешта, некој кој е државјанин на друга држава, да го руши градот? Данела Арсовска, со бугарско државјанство и почесен конзул на Унгарија не проаѓа во Скопје“ истакнаа од СДСМ.
Д. Е.