ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Маричиќ: Одлуката за стопирање на изградба на Прифатен центар за странци во Бардовци неопходна за да се испочитува барањето на граѓаните

October 27, 2021 18:53
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

 Министерот за правда Бојан Маричиќ вели дека донесувањето на одлуката за стопирање на изградбата на Прифатен центар за странци во Бардовци и да се бара нова локалција надвор од населено место не била лесна, но, оти била неопходна со цел да се испочитува барањето на граѓаните. 

–Верувајте ова не беше ниту лесна одлука, ниту нешто што можеше брзо да се направи, но го завршивме успешно и го завршивме во интерес и на барање на граѓаните. Владата вчера на седницата донесе одлука за стопирање на градбата на Прифатен центар за странци во Бардовци и одлука со која што беа задолжени две министерства да бараат нова локација вон населено место, така како што бараа граѓаните на Бардовци. Мислам дека е ова голема победа за граѓаните, но голема победа и успех и за Владата затоа што не може Владата без граѓаните, ниту граѓаните без Владата, изјави вечерва Маричиќ по средбата со граѓаните од Бардовци кои дојдоа пред Владата да ја поздрават нејзината одлука.

Министерот за правда вели дека во однос на ова прашање граѓаните имале дилеми и стравови и оти Владата покажала дека сака да ги чуе и да ги уважи.

-Покажавме дека сакаме да ги чуеме и дилемите и проблемите и стравовите на граѓаните и не само што сакаме да ги чуеме, туку сакаме и да ги уважиме и да донесеме соодветни одлуки за да имаат мирен живот, за да имаат спокоен живот и за да веруваат во институциите. Мислам дека ако ова го продолжиме како тренд, ако умееме да признаеме кога некогаш за нешто сме направиле пропуст и ако ги послушаме граѓаните успехот е загарантиран и за граѓаните и за нас. И затоа ви честитам и на вас и на вашата упорност. Би сакал да ви кажам дека вратите на оваа институција ќе останат отворени за сите ваши проблеми и за се она што ви треба и како населба, и како општина и секако како граѓани на целата држава, рече Маричиќ.

Претставниците на жителите од Бардовци се заблагодарија на министерот Маричиќ и на целата Влада. Ова, посочија, е успех на граѓаните, но, без министерот и Владата немаше да го постигнеме овој договор. Тие изразија благодарност до сите жители, што, како што посочија, се бореле заедно со цел да се постигне овој договор, да се надминат препреките и да се најде заеднички јазик.

Владата вчера соопшти дека на седница донела одлука за стопирање на изградбата на Прифатниот центар за странци во Бардовци и негово преместување на локација надвор од населено место.
Ова, како што беше објавено на фејсбукот на Владата, доаѓа како одговор на барањето на граѓаните од Бардовци и Волково кои со месеци протестираа против изградбата на центарот.
извор: МИА
Next Post

Заев од Росоман: Гласајте за бројот 12, за Стојан Николов за Општина Росоман да остане прогресивна, обединета, европска и економски развиена

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk