Благодарение на поддршката од Регионалната мрежа за културна разновидност (READ-
Regional Network for Cultural Diversity) – регионален проект финансиран од Европската
Унија, кој се имплементира од страна на Гете-институт Скопје во соработка со партнерски
организации од Србија, Албанија, Турција и Косово, објавени се аудио книги од авторите
Аријан Лека и Милутин Ѓуричковиќ.
„Поправање на грешките“ од Лека и „Нови авантури на близнаците“ од Ѓуричковиќ се веќе
достапни на мобилната апликација и веб платформата на „Самоглас“. Аријан Лека е
албански поет, прозаист, есеист, детски писател, преведувач, основач и раководител на
потескиот книжевен фестивал „Поетика“. Милутин Ѓуричковиќ е поет, романописец,
критичар, доктор по книжевност кој има објавено шеесетина книги за деца и возрасни. И
двајцата се добитници на многу меѓународни и домашни книжевни признанија, а нивните
дела преведени на македонски сега добија и свои аудио верзии.
„Самоглас“ (www.samoglas.mk) е мобилната и веб апликација за слушање аудио книги на
македонски јазик стана достапна за јавноста во јануари 2020та година. Оттогаш, па до
денес се објавени над 70 книги, а платформата ја користат над 9.500 регистрирани
корисници.
За сите оние кои сакаат да се во тек со „Самоглас“, можете да ги следите нивните
официјални профили на социјалните мрежи Facebook и Инстаграм. Мобилната
апликација на #Самоглас е достапна на Google Play, App Store и Huawei Gallery.
Регистрацијата и слушањето на сите аудио книги се бесплатни!







