ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Се отвoра најголемиот трговски центар во земјава „Ист Гејт Мол“

October 29, 2021 08:14
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Најголемиот трговски центар во земјава „East Gate Mall“ ќе биде отворен денеска. Нуди широк избор на уникатни 220 локални и интернационални брендови, а располага и со модерни кафетерии, посебен оддел за брза храна со капацитет за 800 посетители, хипер маркет, салони за бела техника и мебел и кино сали.

Обезбеден е паркинг простор за околу 2000 возила, а е единствениот мол во земјава кој е опкружен и со зелени паркови.

Трговскиот центар се наоѓа на местото на поранешниот Скопски саем и е на само пет минути од центарот на Скопје.

Очекувањата се дека трговскиот центар ќе има околу 12 милиони посетители годишно, а закупците ќе остварат нето промет од 120 милиони евра. Предвидено е да се отворат повеќе од 2500 вработувања пред се во секторот трговија, но и во услужните дејности и оние кои се компатибилни со трговијата.

„Fashion Group“, која е дел од 200-те брендови кои ќе бидат застапени во трговскиот центар, по повод отворањето најавува богата програма со изненадувања за посетителите.

– Fashion Group со точна утврдена агенда и протоколи, има изненадувања за секој посетител, почнувајќи од 10 часот за децата во OKAIDI во присуство на Црвениот Крст на Град Скопје и нивните штитеници, 10:30 часот во PARFOIS, брендот SPRINGFILED од 11:00, TIMBERLAND 11:30 часот, со музичка забава Fashion & Friends точно напладне од 12 часот, Mango 12:30 часот и Dan JOHN 13:30 часот, информираат од оваа групација.

И останатите брендови по повод отворањето на нивните продажни места во трговскиот центар најавуваат низа попусти и забавни содржини за постителите.

Трговскиот центар е дел од мултифункционалниот проект „Skopje East Gate“ кој предвидува и изградба на резиденцијален комплекс и канцелариски парк со вкупна бруто изградена површина од над 500.000 м2.

„Skopje East Gate“ е дел од приватната инвестициска групација „Балфин“ која од основањето во 1993 година е активна на полето на недвижности, малопродажба, минерална индустрија, туризам, земјоделство, енергетика, услуги и инвестиции. Вкупната инвестиција се проценува на околу 103 милиони евра, а за изградба на трговскиот центар лани беше потпишан договор за синдициран заем во вредност од 72 милиони евра со домашни и странски банки. Ова е втор проект на оваа групација по изградбата на Скопје сити мол кој во 2015 година го продаде на  британската компанија Hystead Limited.

Next Post

Потсетување - Лични карти ќе можат да се подигнат и во сабота и недела 

НАЈНОВО

AI generated image

OpenAI и Google предупредуваат дека AGI ќе ја „уништи“ средната класа

September 1, 2025
Скриншот

Данил Медведев и тренерот Жил Сервара ја прекинаа осумгодишната соработка

September 1, 2025

Хамилтон по Големата награда на Холандија: Тежок резултат, но се движиме во вистинска насока

September 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Албански симболи како мета – институционална немоќ или политичка калкулација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фабрицио Романо: Донарума се пресели во Манчестер сити за 39 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Според Пандов, Тодор Александров е еден од славните македонски синови – одбележани 101 година од убиството на контроверзниот историски лик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судскиот совет ги избра новите судии за Апелациониот суд Скопје и за претседател на Основен суд Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk