ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Лагата во фокусот на колумнистите

October 29, 2021 19:54
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Малески, Орданоски, Спасов, Беличанец и ред други реномирани колумнисти, со висок углед
во своите професионални средини и во јавноста, во своите најнови колумни се осврнаа на
лагите пласирани во текот на изборната кампања и нивното влијание врз гласачите кои во
недела одлучуваат кому ќе му го доверат управувањето со локалната самоуправа.


– Во политиката, во принцип, кога ќе ве фатат во крупна лага, најлошата стратегија за
комуникација со јавноста што ви стои на располагање е – да продолжите да лажете. За тоа има
многу „лекции“ во историјата на лажењето на политичарите од кои може многу и да се научи.
Прво паѓаат на памет оние со американските претседатели врзани за Вотергејтскиот скандал
на Ричард Никсон и скандалот со сексуалните компликации на Бил Клинтон, а и двајцата
завршија со импичменти во американскиот Конгрес. Деталите, а и исходот од тие импичменти
се различни, но со познати крупни политички последици и по нив двајцата, а и по
републиканците и демократите кои, како партии, прво застанаа, па потоа се дистанцираа од
нив, вака ја започнува колумнистот Сашо Орданоски својата последна колумна „(М)оралното
лажење е најстариот рецепт за губење избори“.

– Таквите лекции, гледаме, не ги научила ни Данела Арсовска, ни нејзините поддржувачи од
ВМРО-ДПМНЕ. Впечатокот е дека продолжуваат здружено да лажат во очи на она што делува
како непобитни докази што ги објавува СДСМ. Што ѝ пречеше на Арсовска, веднаш по
објавувањето на првите информации за нејзиното бугарско државјанство, да излезе и тоа да го
потврди? Зошто се срами од својот бугарски „произход“, доколку самоволно поднела
соодветни документи со него да се стекне? Па, и за тоа „вадење“ има полегитимен политички
маневарски простор – на пример, „Да, заборавив да објавам дека се чувствувам како Бугарка,
па што?!“ – отколку за ароганцијата со која продолжено тоне во морално-политичко
бесознание, подвлекува Орданоски во својата колумна.

– Бил Клинтон не беше сменет заради тоа што го правел со Моника Левински туку затоа што
лажеше дека не го правел тоа. Така и Данела. Таа не заслужува поддршка за градоначалник,
не затоа што имала бугарско државјанство и што се чувствува можеби како Бугарка, тука затоа
што лаже дека нема бугарско државјанство. Лаже дека е независен кандидат за
градоначалник. Лаже дека е супер менаџер со успеси како никој во Европа, а не понудила
еден единствен доказ за тоа која компанија или кој бизнис во животот до сега успешно го
изменаџирала. И затоа некој што така бесрамно лаже, бега од ТВ дуели со својот
противкандидат, и се чувствува како Среќко Шоиќ изненѓено и увреѓено. Таков кандидат не
заслужува ничија поддршка. Таа е нашиот Среќко Шоиќ во сукња, пишува професорот Ѓорѓи
Спасов.

– Како професор по деловно право тврдам дека госпоѓава Данела го злоупотребува зборот
МЕНАЏИРАЊЕ и несоодветно го употребува. Градот е локална заедница а не стопанска комора
и деловно правно лице. Госпоѓава залутала во област во која појма нема како се управува.
Зборот менаџирање го употреби 348 пати, по правило кога немаше разумен одговор или
објаснување на поставеното прашање на водителот како финансиски ќе ги поткрепи
мегаломанските ветувања со буџетските средства на градот, напиша во својот Фејсбук статус
професорот Тито Беличанец коментирајќи го интервјуто на Данела Арсовска во емисијата
„Само интервју!“.

– Може ли некој да ве гледа во лице и да ве лаже? Може. Го прашувам Гугл да ми каже зошто
луѓето лажат. Тоа е од желбата да ја контролираат ситуацијата, ми одговара. Кога вистината не
е во согласност со таква контрола, произведуваат лага која го потврдува саканиот наратив. Го
прашувам да ми ја објасни разликата меѓу компулсивниот и патолошкиот лажго. Тој вели дека
кај компулсивниот може и да нема мотив, па и ако се разоткрие неговата лага, не е во состојба
да се соочи со вистината. Кај патолошкиот лажго, пак, најчесто има јасен мотив, вели
професорот Денко Малески во својата последна колумна со наслов „Во прашање е вистината,
ништо друго“.

Next Post

Забрчанец: Не го оставај Скопје во неизвесност

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk