ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пендаровски: Подготвени сме да дадеме свој удел во трансформацијата на Европа во јаглеродно неутрален континент

November 1, 2021 19:18
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
МИА

МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Како земја кандидат за членство во ЕУ подготвена да започне преговори, Северна Македонија веќе го транспонира европското законодавство за климатски промени во своето национално законодавство, поддржувајќи го Европскиот зелен договор, подготвени сме со нашиот удел да придонесеме Европа да стане првиот јаглеродно неутрален континент до 2050 година, изјави претседателот Стево Пендаровски во обраќањето на пленарната сесија на Светскиот лидерски самит за климатски промени КОП26, што се одржува во британскиот град Глазгов.

– И покрај фактот што сме мала европска земја, имаме големи климатски амбиции. За таа цел, го усвоивме ревидираните национално утврдени придонеси. Нашата амбициозна цел поставена за 2030 година е да ги намалиме емисиите на стакленички гасови за 51 отсто, во споредба со нивоата од 1990 година, или 82 проценти во нето емисии во споредба со истата година која е земена како појдовна основа. Осмисливме 63 политики и мерки за ублажување кои се родово одговорни и поврзани со 15 цели за одржлив развој, нагласи Пендаровски.

Претседателот на Републиката истакна дека спроведувајќи ја нашата долгорочна стратегија за климатски акции, се стремиме да ја трансформираме земјата во економија со ниска емисија на јаглерод, зајакнувајќи ја конкурентноста и промовирајќи социјална кохезија.

– Вклученоста на целото општество ќе помогне во справувањето со невработеноста преку создавање еколошки работни места, намалување на загадувањето со обновливи извори и развој на одржливи навики преку образование, додаде шефот на државата.

Пендаровски потенцира дека земјава ги презеде овие обврски наспроти неколкуте структурни предизвици по нашиот национален економски раст, влошени од разорните ефекти на КОВИД-19, бидејќи цврсто верува дека единственото одржливо закрепнување од пандемијата е еколошкото закрепнување.

– Ако држава со БДП по глава на жител под 6.000 американски долари е целосно посветена на остварување на овие амбициозни ветувања, тогаш секоја држава во светот може да го стори тоа. Веќе осмисливме транспарентна, координирана и сеопфатна климатска акција во партнерство со науката, бизнисите, граѓанското општество и младите. Во исто време, сосема сме свесни дека меѓународното финансирање ќе зависи од ефективното, функционално и правично управување на национално и на меѓународно ниво, нагласи претседателот Пендаровски.

Тој потенцираше дека пандемијата на КОВИД-19 сè уште доминира на светската агенда, па затоа не смее да се потцени еден од најголемите системски ризици врз човештвото.

– Научниците велат дека можеби останува само уште една деценија за светот да ги преосмисли фундаментално своите развојни парадигми, да ги промениме нашите животни навики и да ги закрепнеме нашите економии на цврсти и одржливи основи. Ако ги игнорираме ваквите загрижувачки трендови, следат катастрофални последици за животната средина, здравјето, безбедноста на храната и водата, односно за целокупната  безбедност и развој на луѓето, истакна Пендаровски.

Според него, она што беше ветено на претходниот климатски самит во Париз, мора да биде испорачано во Глазгов.

– Пред 50 години, В. Х. Оден ја напиша „Химната на Обединетите нации“. Во неа тој вели дека „мирот значи да се направи промена во вистинско време, додека светскиот часовник отчукува“. Предолго, неодржливите модели на производство и потрошувачка на човештвото не се синхронизирани со ритамот на природата. Во овој краен час, време е да се врати часовникот на климатскиот систем назад, за идните генерации не само да преживеат, туку и да живеат во безбеден, достоен и просперитетен свет, додаде шефот на државата.

Инаку, претседателот Пендаровски ќе присуствува и на приемот што за лидерите учесници на самитот ќе го приреди британскиот премиерот Борис Џонсон и на настанот со кој ќе се означи почетокот на глобалната заложба за метан, како иницијатива на американскиот претседатело  Џозеф Бајден и претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон дер Лејен, како и на лидерскиот собир „Акција и солидарност – критичната деценија“, во организација на британскиот премиер.

Како што соопшти Кабинетот на шефот на државата, главна цел на конференцијата за климатски промени на ОН – КОП26 е да ги собере светските лидери за да се забрза акцијата кон целите од Парискиот договор од пред шест години, за одржување на растот на температурата под 1,5 степени, со демонстрирање на нивната посветеност за „нето нулта стапка на емисии на штетни гасови” и заложба земјите да престанат да го употребуваат јагленот.

извор: МИА
Next Post

Хоџа: Владејaчкото мнозинство е стабилно, едногласно сме против предвремени парламентарни избори

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk