ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛА

Mали групни домови, повисоки пензии и минимална плата, социјална реформа – позитив во 2019 година

Деца и млади во мали групни домови - посебна гордост за министерската Царовска

December 30, 2019 20:07
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Eдна од сферите кои претрпеа најмногу позитивни промени во 2019 година е секако социјалата. Социјалната реформа, која според власта е едно од најголемите достигнувања воопшто оваа година, малите групни домови, зголемувањето на минималната плата, покачувањето на пензиите, решавање на долгогодишната незавидна состојба на стечајните работници…..Семејствата кои се преселија од под Кале,  семејствата кои добија за 300% повисока социјална помош, програмите за задржување на младите, нови градинки (ран детски развој како приоритет), програма за самовработување за младите, се само дел од реформите со кои Владата се гордее и остави белег во 2019 година.

ДЕИНСТИТУЦИОНАЛИЗАЦИЈА – ДЕЦАТА СМЕСТЕНИ ВО МАЛИ ГРУПНИ ДОМОВИ СО ПОСЕБНА ГРИЖА

По примерот на Европската Унија, преку системски реформи и кампањи за промена на ставовите,  сместувањето на деца во институции веќе не се прифаќа. Сите дечиња од Домот за деца без родители, „11 Октомври“ и „25 Мај“( Ранка Милановиќ) се сместени во мали групни домови. До крајот на минатата година од Специјалниот завод „Демир Капија“ беа извадени сите деца до 18 години и сместени во мали групни домови каде што добија 24 часовен надзор, и индивидуализирани програми и дефектолошки третмани. Децата повеќе не се во стари, сиви, руинирани објекти, туку во помали групи живеат во куќи, топли домови кои им ја овозможуваат семејната топлина. Сместувањето на дечињата во такви мали групни домови во Тимјаник и Визбегово наиде на недорабирање и неприфаќање од дел од мештаните, но разликите се надминати.

„Во однос на протестот на дел од жителите во Визбегово, навистина сум разочарана што сѐ уште се соочуваме со предрасуди, особено кога станува збор за деца. Истовремено сум силно мотивирана да го завршиме процесот на деинституционализација, бидејќи наша заложба е да се грижиме за секое едно дете. Трите деца сместени во малиот групен дом во Визбегово за првпат добиваат топол дом и 24 часовна грижа од стручни лица. Да не заборавиме дека позади синтагмата „социјално-воспитни проблеми и нарушено поведение“ се крие дете со тежок, несреќен почеток во животот. Должност е на државата, но и на целото општество, на секој од нас да направиме сѐ за да ги поддржиме да се развијат во идни активни, продуктивни и среќни млади луѓе“, изјави министерката за труд и социјална политика, во пресрет на протестот кој беше организиран во Визбегово.

РАН ДЕТСКИ РАЗВОЈ – НОВИ ГРАДИНКИ, НАДГРАДУВАЊЕ НА СТАРИТЕ, ДНЕВНИ ЦЕНТРИ ЗА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Брајковци и Муртино добија градинки, реновирани и надградени повеќе градинки во земјата. Брајковци ја доби првата детска градинка, која ќе ја посетуваат деца од четири околни населени места. Овој објект ќе значи многу за раниот детски развој во регионот, во него инвестиравме 10,3 милиони денари.

Отворен дневен центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години во Штип. Центарот има капацитет од 20 лица а во моментот го посетуваат 15 корисници кои добиваат дневно згрижување, стручна работа и рехабилитација. Вакви центри се отворени и во Охрид и Скопје. Според власта, ова е одличен пример за соработка меѓу граѓанска организација, локална самоуправа и централна власт. МТСП ја поддржува работата на 32 дневни центри низ државата, кои ги посетуваат околу 450 деца и лица со попреченост. За следната 2020 година издвоени се 105 милиони денари за реконструкција, опремување и изградба на детски градини. Во изминатите две и пол години инвестирани се над 180 милиони денари во вкупно 43 градинки. Воведени се и 15 советувалишта во градинките кои работат со родителите кои опфаќаат и борба за трајно искоренување на насилството врз децата.

СОЦИЈАЛНА РЕФОРМА И ГАРАНЦИЈА ЗА МЛАДИ – ЗАДРЖУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ ВО ЗЕМЈАВА, ПРОГРАМА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ

Преку програмата за самовработување поддржани се 1.782 лица со средства од 5.000 до 10.000 евра. Со мерката Гаранција за млади опфатени се вкупно 18.000 лица, а од нив 35% се вклучиле или во практиканство или во одредена обука тренинг или директно се вработиле. Донесен е Законот за практиканство, со што овозможивме младите да се стекнат со работни вештини. Според Заводот за статиситка, невработеноста на младите за една година е намалена за 10%. Доделување на 3000 денари месечен додаток за сите млади кои работат во производство и земјоделство. Само 6 месеци по спроведување на социјалната реформа 370 од корисниците на социјална помош се вработени.  Со поддршка од ЕУ понудена е и дополнителна помош за вработување преку грант со кој ќе бидат опфатени вкупно 1.200 лица.

Ресорната министерка Мила Царовска на својата фан страна објави:

Со социјалната реформа опфаќаме повеќе од 120.000 граѓани.

– 27.000 семејства примаат гарантиран минимален приход

– 27.130 деца земаат детски додаток.

– 8.678 деца земаат образовен додаток

– 4.148 возрасни лица користат социјална пензија

– За 2020 година издвоивме 1,3 милијарди денари за мерки за вработување

8.200 ДЕНАРИ ЗА 12 000 СТЕЧАЈЦИ ДО ПЕНЗИЈА

Долгогодишната борба за пристоен живот на стечајците, почна институционално да се решава, со тоа што е воведена мерка со која 12.000 стечајци до пензионирање, ќе добиваат по 8.200 денари месечно. Новиот закон за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата или „стечајци“  овозможи право на надомест од државата да остварат уште околу 1.600 стечајни работници.

Со последните измени материјално се обезбедија лицата кои со претходните законски решенија имале возраст помалку од 52 години за жена, односно 55 години за маж, како и лица на кои им престанал работниот однос во периодот од 1 јануари 1993 година до 30 јуни 2019 година.

Со претходните две законски решенија право на надомест остварија околу 10.000 граѓани, а со најновото уште 1.600. Со претходниот закон пак, донесен во време на поранешната власт такво право оствариле 4.700 граѓани.

РАСТ НА ПЕНЗИИТЕ

Од јануари 2020 година пензионерите ќе добијат покачени пензии за 700 денари. Со ова последно зголемување просечната пензија ќе изнесува ќе изнесува 15.500 денари. Покачувањето, рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, не е ад хок решение, туку резултат на тоа што минатата година просечната плата се зголемила за над пет отсто, а минималната плата за над 15 проценти.

„При спроведувањето на пензиската реформа дадовме индексација на трошоците на живот два пати годишно и трето дополнително зголемување кога ќе имаме други економски паратметри како можност да го усогласиме квалитетот на живеење на работоспособното население со пензионерите. Затоа во член 37 од законот интервенираме и велиме, во случај кога минималната плата расте со над 15 отсто и просечната плата во претходната година над пет проценти ги усогласуваме пензиите трет пат до максимум до растот на просечната плата во државата, рече Царовска, додавајќи дека со ова на некој начин се прави дополнителна индексација на пензиите во насока на следење на економскиот раст и потенцијал на државата.

Ова зголемување, нагласи Царовска, е најголемо во последните 12 години затоа што не се прави изземање на законски планираната индексдација на трошоците на живот. Таа останува во системот и на тој начин го држиме стабилен, а секогаш кога ќе се појават овие два дополнителни индикатори – раст на БДП над четири проценти или раст на минималната и просечната плата“, изјави Царовска.

Министерката потенцира дека со ова зголемување на пензиите не се отвора можност од зголемување на дупката во пензискиот систем, бидејќи се зголемуваат средствата кои од Буџетот се префрлаат кон пензискиот фонд, затоа што во вкупната сума која е зголмена во најголем дел учествува мерката за субвенционирање на придонес за зголемување на плати во приватниот сектор.

Преку социјалната реформа е овозможена и социјална пензија, која досега ја користат 4.148 возрасни лица, а во 56 општини се воведуваат услуги за нега во домашни услови на стари лица.

ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА МИНИМАЛНА ПЛАТА НА 14.500 ДЕНАРИ

Законот за минимална плата (14 ноември) е изгласан во Собрание! Минималната плата од декември 2019 година изнесува 14.500 денари. Собранието со 59 гласа „за“ и без ниту еден „против“ и „воздржан“, го исгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата, по скратена постапка. Пратеничката Жаклина Лазаревска од СДСМ информира дека предлагаат ново зголемување на минималната плата од 14.500 денари кое ќе важи од декември 2019 година заклучно со март 2020 година кога, како што рече, очекуваме да имаме законско усогласување и вака како што сме тргнале ќе дојдеме и до платата која ја ветивме во нашата предизборна кампања, до минимална плата од 16.000 денари.

Работодавачите го поздравија покачувањето, а се согласија и синдикатите, иако сметаа дека минималната плата треба да изнесува 60% од просечната. Сепак, работодавачите стравуваа дека „може да стави клуч“ на најзасегнатиот сектор во државата, текстилната индустрија.

Директорката на УЈП Сања Лукаревска изјави дека ќе се прават напори да се спречат евентуални злоупотреби при исплатата на зголемената минимална плата.

ПЛАН И БУЏЕТ ЗА 2020 ГОДИНА

За идната година за активни програми и мерки за вработување се испланирани рекордни 1,3 милијарди денари, односно 200 милиони повеќе од 2019 година.

За споредба, во 2016 година за Оперативниот план од Буџетот биле издвоени 707 милиони денари, што е речиси половина од предвидените средства за 2020 година, соопштија од Министерството за труд и социјална политика.

Најголем акцент, велат од МТСП, повторно се става на мерките самовработување, младинската гаранција, практиканство, обуки за напредни ИТ вештини, како и на програмите за докавалификација и преквалификација на невработените лица и нивно прилагодување за побаруваните профили на пазарот на труд.

И.Т. Зафировска

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Во македонскиот КИЦ во Тирана изложба на дела на жени уметници од повеќе земји

May 19, 2025

Уставен суд: Поништувањето на изборот на судијката Дуковска е правен преседан, подготвителната седница за Законот за јазиците одложена

May 19, 2025

Британскиот премиер Стармер ја нарече ситуацијата во Газа „неподнослива“

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скриен извор на чиста енергија би можел да ја напојува Земјата 170.000 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Линии со код, реки од крв

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Веќе видено: Македонија повторно велика, ко Александар!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk