ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

16 години АКТО фестивал – „Современи (не)демократии“

November 3, 2021 11:33
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Дизајн на плакат: КОМА

Дизајн на плакат: КОМА

Share on FacebookShare on Twitter

АКТО фестивалот за современи уметности е еден од фестивалите во земјава кој има најдолг континуитет на одржување. Односно, наспроти традицијата на градските или државните фестивали, кои најчесто имаат ревијален карактер на полупасивна консумпција на уметност,

АКТО е единствениот фестивал кој од позиција на вонинституционален сектор 16 години по ред создава активно поле на колективност преку кое се конфронтира на сите премрежиња што се случуваат во земјава со продукција и презентација на современа уметност. Она што беше карактеристично за АКТО – а тоа е Битола, тридневна интензивна интердисциплинарна програма со изразит визуелно-уметнички предзнак, напуштени простори кои стануваат алтернативни простори за презентација, интернационални гости и актуелни теми, место за размена и колективни идеи и создавање, многу соработки и партнерства, во 2021 година добива друга форма. Па така станува – Скопје, двегодишно истражување на актуелни теми, заборавени простори на културното наследство, продукција на нови дела со интернационални гости, но и силна едукативна компонента, која создава место за размена и заедничко создавање, и тоа во соработка со официјални образовни институции.
Зошто? И како?

Тргнувајќи од тоа дека АКТО е резултат на еден факултет на кој не се учи, туку се создава работејќи на него, постојано тестирајќи ги лимитите на своите капацитети во таа желба и љубопитност, АКТО овој пат својот „факултет“ го ресоздава во и со официјалните образовни и институции за презентација на уметноста. АКТО, немирен по својот дух, се движи и ги наоѓа своите извори на дејствување, овој пат на институционалните образовни платформи.

– Од активна сцена на презентација во платформа на продукција и едукација

Приказната за АКТО која се одвиваше 15 години во Битола е во мирување. Таа активно му се спротивставуваше на еден силен политички бран на уривање на јавното и заедничкото. Со двојазичната публикација, архива со вкупно 1.400 страници, преку која го одбележавме 15-годишното работење на АКТО, го сумиравме тој предизвик и сега е време, конечно, да се трансформираат нештата, да се побараат нови правци на развој таму каде што ќе има потенцијал.

Впрочем, светската пандемија на коронавирусот не само што го истакна насилното деполитизирање на културата и го посочи коруптивниот дух кој цело време ја разнишува нејзината фрагилна природа, туку и создаде простор за рефлексија на залудните напори, пропаднатите желби и можните разочарувања на цел еден свет од културни работници. Културата е фрагментирана, девалвирана, во обид за нејзина елитизација. А, таа не се произведува половично. За културата и уметноста треба егалитарен систем, кој ќе дава еднакви можности за сите и компетитивниот индивидуалистички принцип кон градење на културата треба да се промени од корен.

И тоа е една од низата современи недемократии кои се широко прифатени кај нас. Недемократиите демнат од секој ќош. Чекаат да се појави шанса за веднаш да ги разнишаат столбовите на она што е градено осмилено, стратешки и со многу труд. Дали тоа се јавните простори, платформите за дискусија кои ја оневозможуваат аргументираноста, културата и уметноста, па сѐ до начините на кои функционираат институциите, овие недемократии претворени во лични апетити на отуѓување и збогатување го јадат сето она што е наше.

Оттаму, АКТО во 2021 година отвора двогодишна тема „Современи (не)демократии“ во обид на согледување на процесите на приватизација и отуѓување, кои водат кон разорување на јавното, оневозможувајќи го заедничкото. АКТО ја испитува оваа тема преку примерот на плоштадот како репрезент на современите недемокрациски процеси, кој наместо да биде арена каде што се слуша агонистичка дискусија, на создавање политички субјективитети, тој повеќе стана место на набљудување, на пасивност и молк отколку на јавност или на живот на улица. Па така преку оваа деполитизирана, еродирана и приватизирана платформа, АКТО се обидува да го истражи стеснувањето на јавниот простор кој води до стеснување или намалување на изразувањето на јавното мислење, а со тоа и намалување на демократијата. „Современи (не)демократии“се обидува да одговори на предизвиците, но и препреките во непрепознавањето на недемократиите кои ни се случуваат секојдневно. Дали имаше вистинска дебата на јавните простори во земјава? Или само конфликт кој сè уште трае и се продлабочува? Конфликт што го дели (поларизира) општеството и со тоа го спречува неговиот развој? Што е демократија во денешен контекст и како таа (не) демократија се рефлектираше преку неможноста на раѓањето на агора?

АКТО ги вложува своите ресурси во продукција на општествено сензитивни дела за јавен простор, повеќе отколку во дела со репрезентативна функција, и со тоа се позиционира како контрапункт на доминантната парадигма на фестивализација на културата. Па така, АКТО станува платформа која им дава повеќе простор на процесот, експериментирањето, создавањето заедно, сложеноста на содржината и слободата на формата, отколку на презентација на финалниот продукт. Тој го менува форматот, преиспитан и од замката на фестивализацијата и се свртува кон истражувачки практики, кои исто така продуцираат уметност на нови и поинакви простори кои имаат длабоко значење за општеството.

Локациите на кои работи АКТО се исто резултат на современите недемократии, а учесниците се оние кои сакаат да ги отворат овие процеси.

Користејќи го пристапот на критичко-уметничкиот поглед кон реалноста, а не репрезентативниот, АКТО задира подлабоко во едукативната страна на уметноста. Па така во ова издание АКТО работи со студенти од Факултетот за драмски уметности од Скопје со кој ФР~У има официјален меморандум за соработка, како и со студенти на Архитектонскиот факултет во Скопје и со Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Заедничката работа на студентите по различните уметности креира и една интердисциплинарна лабораторија, која има и свое јавно претставување во неколку наврати.

Програмата „Современи (не)демократии“ се надоврзува на годишната програма на ФР~У и претходните проекти на ФР~У во различни соработки, како: Гостувањето на продукцијата „Оваа зграда зборува (на)вистина“ на фестивалот „Млади леви“ во Љубљана (август, 2021); новата продукција на перформанс „Драга Републико“ во „Македонска пошта“ во соработка со „Арт проект лаб“ (септември, 2021 година); платформата за развој на интердисциплинарни изведувачки проекти „Земјени станици“ во соработка со „Фрачи на сенки“ и „Домино“ во Загреб.

 ПРОГРАМА

2 ноември (вторник)/ „Македонска пошта“/ 16:30 часот
Јавен перформативен настан произлезен од петдневната интердисциплинарна работилница „Изгубено и најдено“ (28.10.-2.11.) под менторство на Томас Жишка (Прага); Драга Стојчевски (Прага); Филип Јовановски (Скопје) во соработка на ФР~У/ АКТО со Факултет на драмски уметности – Скопје и Факултет за драмски уметности (ДАМУ) – Прага.
Учесници: студенти по режија и сценографија од ДАМУ, студенти по режија на ФДУ во класата на проф. Зоја Бузалковска, студенти по сликарство на ФЛУ во класата на проф. Слободанка Стевческа: Берта Дубкова, Тереза Досталова, Кристина Кинова, Ана Блаблова, Марианка Бурилова, Шенај Мандрак, Кристијан Атанасов, Иван Вртев, Борис Василески, Александар Јовановски, Камелија Каламерникова, Илина Василеска.

6 ноември (сабота)/ Сала за седници на Општина Центар/ 12 часот
Изложба Современи (не)демократии – Исчезнување на јавниот човек –
Изложба базирана на истражување од Јана Брсаковска, Ивана Васева, Филип Јовановски, Кристијан Караџовски и Наум Трајановски.
Концепт: Ивана Васева, кураторка; Филип Јовановски, визуелен уметник.

6 ноември (сабота)/ Сала за седници на Општина Центар/ 13 часот
АКТО АГОРА
Учесниците ќе бидат дополнително објавени.

14 ноември (вторник)/ јавен простор (дополнително ќе биде најавен)/ 12 часот
Јавен перформативен настан произлезен од четридневната интердисциплинарна работилница „Слушна реакција на архитектурата“ (10.-14.11.)под менторство на перформанс- колективот ЛИГНА (Оле Фрам и Торстен Михаелсен) (Хамбург) во соработка на ФР~У/ АКТО со Факултет за драмски уметности – Скопје.
Учесници: студенти по режија на ФДУ, студенти по сликарство на ФЛУ, студенти на Архитектонски факултет.

14 ноември (недела)/ „Македонска пошта“ и плоштад „Македонија“/ 12 часот
Перформанс „Дисеминација насекде“ на перформанс-колектив ЛИГНА (Хамбург)
● Ограничен број на публика
Пријавување на мејл: organizationfru@gmail.com

5 декември/ зграда на поранешна месна заедница во Тафталиџе/ 12 часот
Јавен перформативен настан произлезен од четиридневната интердисциплинарна работилница „Изгубени модернистички утопии“(1.-5.12.) под менторство на Миодраг Куч од Институтот за уметност и урбанизам Берлин во соработка на ФР~У/ АКТО со Факултет за драмски уметности – Скопје.
Учесници: студенти по режија на ФДУ, студенти по сликарство на ФЛУ, студенти на Архитектонски факултет.

18 декември (сабота)/ Солидарност и уметност / Музеј на современа уметност/ 12 часот
Промоција на книгата „Не Уметност. Надвор. Борби. Солидарни уметнички практики на периферијата“
Автори: Валентина Боници, Адела Деметја, Рена Радле, Ивана Васева.
Издавач: ТАЛ – Тирана арт лаб, 2021.

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Luc Vernimmen

Операција Земја

НАЈНОВО

Што содржи планот на Трамп за Појасот Газа

September 27, 2025

Мицкоски: Нема да дозволам црвените линии на СДСМ да се контури на ново предавство во иднина

September 27, 2025

Каранфилова Пановска: СДСМ во Програмата за локалните избори нуди решенија кои ќе ја вратат довербата на граѓаните во општините

September 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Нема да дозволам црвените линии на СДСМ да се контури на ново предавство во иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Политиката како диверзија или диверзијата маскирана во политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Секојдневен хаос на „Фрањо Клуз“ во Аеродром – улицата заробена од несовесно паркирање, властите не реагираат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Драматичен протест во ОН: Делегати ја напуштија салата за време на говорот на Нетанјаху

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полициските униформи без двојазичност – уставна и политичка бомба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk