ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пораката на народот

November 4, 2021 09:55
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

Веќе неколку изборни циклуси наназад, од СДСМ слушаме дека ја „примиле пораката на народот“. Но, резултатите од циклус во циклус покажуваат дека „народот“ се’ уште се чувствува неразбран и гласа (односно, не гласа) согласно тоа. Ајде да видиме која е всушност пораката од народот.

Не станува збор за една, туку за најмалку три пораки.

Прво, членството испраќа порака дека не се чувствува доволно афирмирано од раководството на партијата. Дали таа афирмација треба да дојде преку партиски вработувања, или преку изнаоѓање подобар начин членството навистина да биде вклучено во креирањето на партиските програмски и кадровски политики и носењето на партиските одлуки – од месно, па се’ до национално ниво – тоа е сосема друга работа и прашање кое партијата мора да го реши за да може да смета на поддршката од сите свои членови.

Второ, коалициските партнери испратија порака дека не се чувствуваат доволно вклучени во креирањето и имплементацијата на политиките на локално и на национално ниво. Затоа одлучија на овие локални избори да настапат одвоено, дури и по цена ниту тие, ниту СДСМ да немаат градоначалници во општините каде настапија како противници.

Трето, непартиските гласачи испратија порака дека се чувствуваат изневерени од ветувањето дека СДСМ ќе биде многу поотворена во управувањето со државата и наједноставно кажано – сметаат дека партијата се однесува премногу партиски, односно дека продолжи со партиските практики кои претходно беа карактеристични за вмро и кои беа главната причина зошто толку голем дел од нив во 2016та година решија да ја поддржат СДСМ.

Дали и колку овие пораки се основани е сосема друга работа и таа дискусија допрва треба да се води – но реалноста е дека тие се пораките. Исходот на следните парламентарни избори директно ќе зависи од тоа како и колку СДСМ ќе успее да ги сфати и имплементира овие пораки. Тоа ќе биде ѓаволски тешка работа, посебно имајќи предвид дека дел од овие пораки се контрадикторни една на друга.

Но, едно нешто е сигурно – прогресивните сили во Северна Македонија не можат одделно да ги победат вмро-дпмне, левица и АА. Само со ставањето на индивидуланите желби над заедничките цели, сите ние ќе го вратиме вмро. Затоа граѓаните никогаш не можат да бидат „виновни“ за враќањето на вмро. Да, секој од нас треба да се носи со последиците од дадениот глас, но одговорноста мора да започне и да заврши кај оние на кои им е дадена довербата да управуваат со државата.

Освен за стевчо муња. Неговиот реизбор во Карпош е разочарување од епски размери.

Фејсбук објава на Павле Богоевски

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Вакцинација

Со две дози опфатени 46 % полнолетни, расте бројот на вакцинирани со трета доза

НАЈНОВО

Мемиши учествуваше на „Денот на гравот“ во Теарце: Оваа организација е доказ за соживот – ја надминува и етничката граница!

September 27, 2025

Мицкоски до кандидатите за градоначалници: Кампањата не смее да биде театар на празни ветувања

September 27, 2025

Филипче: Скопјани не го прифаќаат извинувањето на Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ свесно го блокираше градот

September 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Нема да дозволам црвените линии на СДСМ да се контури на ново предавство во иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Политиката како диверзија или диверзијата маскирана во политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Секојдневен хаос на „Фрањо Клуз“ во Аеродром – улицата заробена од несовесно паркирање, властите не реагираат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Драматичен протест во ОН: Делегати ја напуштија салата за време на говорот на Нетанјаху

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полициските униформи без двојазичност – уставна и политичка бомба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk