ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Во пресрет на техничката влада: Средби на Мицкоски со Заев и Ахмети, на маса и предлогот за една изборна единица

Заев истакна дека на денешната средба со Мицкоски, ќе го отвори прашањето и измени на Изборниот законик со воведување на една изборна единица

December 28, 2019 08:16
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На една недела пред очекуваното формирање на техничката влада, претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска ќе одржи средби со премиерот и лидер на владејачката СДСМ Зоран Заев и лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Најавено е дека Мицкоски прво ќе одржи средба со Ахмети во Собранието, а потоа ќе се сретне со Заев во Владата.

Заев синоќа, по Централниот и Извршниот одбор на СДСМ, каде за технички премиер беше избран досегашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, а за вицепремиерка, на местото на Кочо Анѓушев, Мила Царовска, истакна дека тој на денешната средба со Мицкоски ќе го отвори прашањето и измени на Изборниот законик со воведување на една изборна единица, доколку лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ сака за тоа да разоговара.

– За една изборна единица можеме да одлучуваме сè до 12 февруари односно до 60 дена пред изборите додека работи Парламентот. Ние не се откажуваме од ова прашање, а и колегите од помалите политички партии, помалку бројните етнички заедници се про и сакаат. Тоа е и наше изборно ветување. Треба и другите политички партии, како ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да седнат, а јас утре ќе го отворам и тоа прашање, доколку и господинот Мицкоски сака да разговара. Убаво е ако за тоа одлучиме со консензус. Утре ќе ја искористам средбата со првиот човек на најголемата опозициска партија, можеби ќе најдеме одредено решение, рече синоќа Заев.

Како што претходно беше најавено, според владини извори, Заев и Мицкоски на средбата ќе имаат консултации за техничката влада.

Согласно законот, опозицијата мора да дојде на консултација за предлогот за министер за внатрешни работи и тој да биде прифатен од власта (двете најголеми партии).

На лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски, беше договорено на 12 април да се одржат предвремени парламентрани избори. Согласно процедурата, на 90 дена пред изборите треба да се формира техничката влада или во случајов тоа треба да се случи на 3 јануари.

Next Post

Сообраќајот претежно по суви коловози

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

По повод Светскиот ден на млекото: Бучен Козјак донира средства за реновирање на Клиниката за пулмологија и алергологија

June 25, 2026
Atlas - Boston Dynamics robot

Летото 2026 го означува крајот на четботовите: Како вештачката интелигенција стана наш автономен колега

June 25, 2026

Државниот завод за ревизија бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk