Во 16 часот повторно беше неуспешен обидот на пратениците во Собранието да обезбедат кворум за да се одржи седницата на која треба да се гласа за недоверба на владата.
Во собранието беа присутно 60 пратеници од кои и двајца пратеници на ВМРО-ДПМНЕ во скафандери поради тоа што се позитивни на Ковид -19.
Претходно утрово претседателот на Собранаието Талат Џафери, откако ги повика да влезат во салата почитувајќи ги протоколите, изрази надеж дека „овој пат нема да има кривична пријава за биолошки тероризам“ укажувајќи на потребата за онлајн работа на Собранието.
– Се надевам дека нема да има кривична пријава за биолошки тероризам овој пат. Веројатно сите сме свесни што зборував пред година и пол за потребата од онлајн работа, рече Џафери.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО–ДПМНЕ Никола Мицевски и пратеничка Ангелика Петкова од истата пратеничка група во скафандери пристигнаа во Собранието и учествуваат на парламентарното заседание.
Во продолжение, откако претседателот Џафери ја напушти салата, со седницата претседаваше потпретседателот на Собранието Фадил Зендели кој доаѓа од Беса и е еден од потписниците на Иницијативата. На седницата не присуствуваат пратениците на СДСМ и ДУИ.
Потпретседателот Зендели, рече дека сидницата ќе продолжи, но не прецизираше кога.
Ј. Ѓ.







