Блаже Конески
Умирањето, дури трае, е сепак сè уште живот.
Ни љубовта не е умрена дури ти уште сакаш,
макар некого друг.
Поради сојот на трпките — дури и туѓиот плод
во твојата утроба
ќе биде повеќе мое дете.
Академик Блаже Конески (1921-1993) е македонски поет, прозаист, преведувач, есеист и професор, роден во Небрегово. Оваа 2021 година, кога се навршуваат 100 години од постоењето на џинот од Небрегово, е богата со настани во негова чест.
избор: Тања Кармзова Костиглиола