ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

На климатската конференција КОП26 постигнат договор за забрзување на борбата против затоплувањето

November 14, 2021 19:12
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Претставниците на речиси 200 земји на климатската конференција КОП26 во Глазгов синоќа усвоија договор за забрзување на борбата против глобалното затоплување, без да се осигура дека затоплувањето ќе остане на 1,5 степени Целзиусови и без одговор на барањата за помош на сиромашните земји.

Договорот наречен „Глазговски пакт за климата“ беше усвоен по две недели напорни преговори, со удар со чекан од страна на британскиот претставник Алок Шарма, претседавач со Светската климатска конференција.

Како показател за тоа колку тешко се дошло до договор, Шарма со растреперен глас рече дека му е „многу жал“ за промените направени во текстот во последен момент, а кои се однесуваат на фосилните горива на барање на Кина и Индија. Тој претходно оцени дека договорот воведува „деценија со растечки амбиции“ по прашањето на климата.

Индија интервенираше за да ја ублажи формулацијата во текстот во врска со намалувањето на емисиите на јаглен.

Неколку земји, вклучително и мали островски држави, рекоа дека се длабоко разочарани од формулацијата дека енергијата на јагленот „постепено опаѓа“ наместо да биде напишано дека „постапно се укинува“, бидејќи поединечно е најголемиот извор на емисии на стакленички гасови.

Други земји ја опишаа ревизијата како одвратна и против правилата, но наведоа дека тоа е нешто што морале да го прифатат за да ја завршат двонеделната конференција на ОН за климата (КОП26) во Глазгов, Шкотска.

Пред Индија да успее да ја направи оваа промена во конечната декларација, претставниците на повеќе земји рекоа дека текстот на нацрт-декларацијата не оди доволно далеку или доволно брзо, но дека компромис е подобар од ништо и претставува напредок ако не и успех.

Сепак, се смета за успех што во текстот се спомнуваат фосилните горива како главен извор на глобалното затоплување, а тие не беа споменати во Парискиот договор од 2015 година.

За критичното прашање за ограничување на порастот на температурата, во текстот се повикуваат земјите-членки да ги подигнуваат своите обврски за намалувања поредовно отколку што е предвидено со Парискиот договор од 2015 година, почнувајќи од следната година.

Сепак, додадена е клаузула за можноста за приспособување на „специфичните национални околности“ и поради тоа невладините организации изразија сомнеж за вистинските амбиции на усвоениот документ.

Постигнатиот компромис не гарантира дека ќе се почитуваат целите од Парискиот договор за ограничување на глобалното затоплување далеку под два степени Целзиусови и, ако е можно, на 1,5 степени Целзиусови во споредба со прединдустриската ера, но сепак му дава можност на британското претседателство да ја прогласи за успешна конференција во Глазгов. Целта на Британија на овој собир беше да остане перспективата за ограничување на затоплувањето од 1,5 степени Целзиусови.

Не се најде решение за прашањето за помошта за сиромашните земји. Сиромашните земји попуштија и се согласија да го продолжат дијалогот за да не го изгубат постигнатиот напредок во борбата против затоплувањето, чии последици веќе директно ги чувствуваат.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Тихомир Јанчовски

Ако ме надживееш

НАЈНОВО

Што содржи планот на Трамп за Појасот Газа

September 27, 2025

Мицкоски: Нема да дозволам црвените линии на СДСМ да се контури на ново предавство во иднина

September 27, 2025

Каранфилова Пановска: СДСМ во Програмата за локалните избори нуди решенија кои ќе ја вратат довербата на граѓаните во општините

September 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Нема да дозволам црвените линии на СДСМ да се контури на ново предавство во иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Политиката како диверзија или диверзијата маскирана во политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Секојдневен хаос на „Фрањо Клуз“ во Аеродром – улицата заробена од несовесно паркирање, властите не реагираат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Драматичен протест во ОН: Делегати ја напуштија салата за време на говорот на Нетанјаху

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полициските униформи без двојазичност – уставна и политичка бомба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk