ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Бесими: Бегањето од одговорност не е мој стил

November 16, 2021 22:26
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фатмир Бесими. Фото: МИА

Фатмир Бесими. Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за финансии Фатмир Бесими очекува до средината на декември да се гласа буџетот за наредната година, но не може да предвиди дали прво ќе биде донесен буџетот или ќе се изгласа нова реконструирана Влада.

-Има конструктивна дискусија за Предлог буџетот за 2022 година за чие донесување има утврдени законски рокови. Не можам да предвидам што попрво ќе се случи, дали носењето на буџетот или изгласувањето на новата реконструирана Влада. Но, доколку продолжи дебатата каква што е во првите два дена, се очекува во првата половина на декември буџетот да се гласа. Мислам дека сите се свесни од аспект на значењето на донесувањето на буџетот. Има конструктивни дискусии иако има и разлики, но мислам дека има разбирање за носење на овој буџет од сите политички партии во Собранието и барем засега не гледам такво сценарио да се блокира буџетот, рече Бесими во емисијата 24 Анализа.

Блокирањето на буџетот, додаде, ќе значи само финансиска нестабилност и тоа не е во интерес на ниту една политичка партија, ниту на граѓаните.

-Во интерес на граѓаните е политичката стабилност и предвидливоста особено што се наоѓаме во период кога покрај пандемијата, која се уште не стивнува, имаме и енергетска криза која се очекува да стивнува во првата половина на наредната година, истакна Бесими.

Прашан дали ќе прифати доколку му биде понудено да биде министер за финансии и во новата реконструирана Влада, Бесими рече дека бегањето од одговорност не е негов стил.

-Тоа е голем предизвик, а јас не бегам од предизвиците во период кога има пандемија и се соочуваме со сите овие работи, а и има веќе најавени проекти за инвестиции и забрзан економски раст, како и за справување со економската криза. Бегање од одговорност не е мој стил на пристапување кон животот, порача Бесими.

Нагласи дека во овој период во ДУИ не се разговара за евентуални нови кадровски решенија.

-Во оваа фаза главната порака е дека е битна институционалната и политичката стабилност во земјата и предвидливоста. Дали ќе останат министрите на своите позиции останува на раководството и лидерот на партијата како ќе оценат. Во оваа фаза клучно е се да продолжи континуитетот во работењето во смисла на проекти и работењето на државните институции, потенцира Бесими.

извор: МИА

Next Post

Kузеска на Само вистина: Мнозинството во Собранието ќе расте, во преговори сме со сите партии кои сакаат да го продолжиме патот кон ЕУ

Најново

Фото: ФБ страница на Џорџа Мелони

Лажна фотографија од Мелони во долна облека се шири на интернет, премиерката со реакција – ме разубавиле

May 6, 2026

СДСМ тврди дека Мицкоски бега од истраги и ќе спроведе предвремени избори, премиерот најавува редовни во 2028 година

May 6, 2026
Фото: Влада РСМ

Мицкоски: Кај многумина има страв од избори, но тие ќе бидат редовни во 2028 година

May 6, 2026
Фото: Град Скопје

Ѓорѓиевски: Завршија експропријациите, мостот „Генерал Михајло Апостолски“ за 60 дена се става во целосна функција

May 6, 2026

Димитријевиќ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите по падот на Орбан

May 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk