Во заедничка организација на Специјалната група за Медитеранот и Блискиот Исток, Поткомитетот за партнерство со НАТО и Шпанската делегација во Парламентарното собрание на НАТО, утре и задутре во Барселона, Кралството Шпанија, ќе се одржи специјален состанок.
На состанокот ќе учествуваат делегации од националните парламенти на земјите членки на НАТО и делегации од земјите партнери на Алијансата. Од Собранието на Република Северна Македонија, ќе учествува пратеникот Миле Талевски, заменик-член на Делегацијата во Парламентарното собрание на НАТО и претседател на Комисијата за одбрана и безбедност, информираат од Собранието.
Оттаму соопштуваат дека на состанокот, свои обраќања ќе имаат претставници на шпанските власти: Андер Гил Гарсија, претседател на Сенатот; Маргарита Роблес Фернандез, министерка за одбрана и адмирал Хуан Франциско Мартинез Нунеж, генерален секретар за одбранбена политика во Министерството за одбрана.
-Учесниците ќе разменат мислења и со претставници на истакнати институти и експерти за актуелни прашања и предизвици поврзани со регионот на Медитеранот и Блискиот Исток, со посебен акцент на хуманата бездбеност и тековните миграции, безбедносните предизвици од отворените конфликти и перспективите за нивна стабилизација, велат од Собранието.
извор: МИА