Третата „бустер“ доза од вакцината против Ковид-19 се препорачува за сите кои примиле две дози. Пет месеци по втората доза на „Фајзер“, „Спутник В“ и „Астра-Зенекин“ и четири месеци по давањето на втората доза „Синофарм“. Имунологот д-р Љиљана Софрониќ Милосављевиќ за српски РТС вели дека антителата се само една од компонентите на имунолошкиот одговор и дека врз основа на нивниот број не треба да се одлучува дали ќе се прими вакцината.
Д-р Љиљана Софрониќ Милосављевиќ изјави дека не треба самоиницијативно да се тестираме за антитела, а особено врз основа на тоа да не одлучуваме дали ќе ја примиме вакцината.
„Вакцината треба да ја примиме како што е препорачано, а антителата не се показател за примање на третата доза. Тие се само една од компонентите на имунолошкиот одговор“, рече Софрониќ Милосављевиќ.
На прашањето дали треба да примиме „бустер“ доза доколку сме прележале без симптоми и сме ја примиле втората доза, таа вели дека никако не може да наштети и дека тие што примиле две треба да ја примат и третата доза.
Нема да има штетни последици“, вели Софрониќ Милосављевиќ.
Виролозите, вели таа убаво би објасниле дека некои вируси мутираат побрзо, а некои побавно.
„Сега, во декември, ќе има студија во 22 земји во Европа, ќе се следат б-лимфоцитите кои создаваат антитела и т-лимфоцитите кои ги убиваат инфицираните клетки. Само во нивното заедничко дејствување имаме ефикасна заштита. Ако една од тие „раце“ недостасува, заштитата сè уште постои, поради т-лимфоцитите. Нашиот имунолошки систем работи добро и вакцините му се важни за да го освежат. Вирусот не мутирал толку многу, вакцините сè уште ни помагаат и се надеваме дека следната година ќе има иновирани вакцини кои ќе одговорат и на мутираните соеви“, посочува Софрониќ Милосављевиќ.
Ј. Ѓ.