ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Честитка од Заев по повод Денот на албанската азбука: Да ги празнуваме и чествуваме етничките и јазичните различности

November 22, 2021 10:12
in ДЕНЕС, МУЛТИКУЛТУРА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев преку својот Фејсбук профил објави честитка по повод Денот на албанската азбука.

-На денешен ден во 1908 година, во Битола заврши Битолскиот Конгрес на кој се создаде албанската стандардизирана азбука. Конгресот бил свикан на 14 ноември и на него присуствувале делегати од Македонија, од Албанија, и од албанските заедници во Романија, Египет, Америка, Грција, Турција, Италија и други земји, пишува Заев.

Со прогласувањето на 22 ноември за Ден на Албанската азбука и празнувањето на овој значаен празник за албанската заедница како составен дел од јазичното и од културното богатство на Северна Македонија, потврдуваме дека јазикот и писмото се мостови за разбирање меѓу традициите, културите и духовните наследства.

На тоа нѐ повикуваат и нашите македонски вредности, кои во исто време се и европски и со кои се движиме на патот на интеграцијата во Европската Унија, вели Заев.

Тој напоменува дека одбележувањето на културните вредности,  настани и традиции на сите етнички заедници, вклучувајќи ја и албанската, е  основата на нашето мултикултурно општество.

-Нашата определба е да градиме и негуваме општество еднакво за сите и да изградиме граѓанско општество, истовремено со почит кон етничките, националните, верските и културните разлики. Тоа е посебноста и суштината на нашето заедништво што се градеше со векови и што претставува обврска за нашата заедничка иднина.
Го честитам празникот – Ден на албанската азбука на сите припадници на албанската заедница и на сите граѓани.
Да го прославуваме заеднички и да ги славиме постоењето и зближувањето на културните традиции, кои на овие простори опстојувале заедно со векови. Заедништвото и грижата која си ја пружаме едни на други се гаранцијата за нашата сигурна и просперитетна, европска иднина.

Да ги празнуваме и чествуваме етничките и јазичните различности на нашето општество како наша предност. Како наше заедничко богатство, пишува Заев.

Next Post
Тито Беличанец: Фото: лична архива

Беличанец: Многумина имаат кусо паметење, Заев затекна корумпирана партиска мафијашка држава на која и ја скрши кичмата

Shortcut

Најново

Фон дер Лајен во Скопје: Има ли Мицкоски нешто ново да ѝ каже?

September 29, 2026

Градот останува, животот исчезнува

September 28, 2026

Градење пат кон мирот: Заедничка работа за враќање на украинските деца, притворените цивили и воените заробеници

September 28, 2026
Харкив, 28 септември 2026 (ДСНС)

Харкив, Кијив и комуникациската инфраструктура повторно под напад на рускиот агресор

September 28, 2026

Вучиќ ја напушти претседателската функција, но не и битката за власт – Србија влегува во двоен изборен циклус

September 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нема добар ПР за лоша политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk