ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Сочувство од министри во Владата и политичари за трагичната сообраќајна несреќа во Бугарија

November 23, 2021 13:40
in ДЕНЕС, ТРАГЕДИИ
BGNES

BGNES

Share on FacebookShare on Twitter
Министри од Владата, лидери на политички партии, градоначалници и други политичари на социјалните мрежи изразија сочувство до семејствата на загинатите и желби за брзо опоравување на повредените во трагичната сообраќајна несреќа во Бугарија во која загинаа 46 лица.

Страшна трагедија! Сочувство до семејствата на сите жртви и брзо и целосно опоравување на сите повредени, напиша министерката за одбрана Радмила Шекеринска на нејзиниот фејсбук профил.

– Во овие моменти на колективна тага, нашите мисли и сила ги упатуваме кон оние кои ги загубија своите најсакани – вечен да им е споменот!, објави Шекеринска за тешката сообраќајна несреќа на автопатот Струма, во која автобус регистриран во Република Северна Македонија доживеа сообраќајна несреќа при што загинаа 46 лица.

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби изрази длабоко сочувство до семејствата на настраданите.

Преку објава на својот фејсбук профил, Груби соопшти дека македонските и бугарските власти се во постојан контакт за расветлување на случајот, но и за пружање помош на повредените кои веќе се во болница.

-Со длабока болка утрово ја прифатив веста за тешката трагедија на нашите граѓани во Бугарија.
Тажен сум поради оваа голема трагична загуба на толку многу животи одземени предвреме.
Во постојан контакт сме со бугарските власти за секаква неопходна помош за расветлување на случајот и пружање помош на повредените кои веќе се во болница. Моето искрено сочувство до сите членови на семејството кои денеска ги загубија своите најблиски, додека на повредените им посакувам брзо закрепнување. Се молам за нивните души и за трпение на семејствата, ја споделувам нивната голема болка, напиша Груби.

 Вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, Љупчо Николовски изрази сочувство до семејствата на загинатите во сообрќајната несреќа.

-Сочувство до семејствата и блиските на загинатите во сообрќајната несреќа што се случи во Бугарија. Им посакувам брзо заздравување на повредените. Нема зборови за утеха за оваа трагедија, напиша Николовски на својот фејсбук профил.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изрази сочувство до семејствата на загинатите споделувајќи ја тежината на ненадоместливата загуба,

Дозволете ми во овие тешки моменти на тага и болка за целата држава да изразам најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на загинатите во трагичната сообраќајна несреќа која се случи во Бугарија, споделувајќи ја тежината на ненадоместливата загуба. Нека им е вечна слава, нека почиваат во мир…

Иако е тешко да се најдат зборови на утеха, во овие траорни мигови, сакам да порачам како пријател, како човек, дека не сте и никогаш нема да бидете сами, независно на ужаснатa тежина на моментот. По телефонскиот разговор со мојот бугарски колега Рашков, тим на Министерството за внатрешни работи предводен од помошник директорот на униформирана полиција, а составен од претставници на Секторот за сообраќајната полиција и Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења веќе е на пат за Бугарија и стои на располагање за помош и поддршка на бугарските колеги. Очекувам брза и сеопфатна реакција на надлежните служби.

Нашите мисли и молитви се и со повредените. Од срце посакувам нивно брзо закрепнување и што поскоро враќање во нивните домови.

Министерот за правда Бојан Маричиќ со сочувство до семејствата и блиските на починатите во автобуската несреќа, а на повредените им посака брзо закрепнување.
-Утринава сите сме потресени од веста за страшната сообраќајна несреќа во Бугарија, во која животот го загубија голем број наши граѓани. Во овие моменти на голема тага изразувам најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на починатите, а на повредените им посакувам брзо закрепнување. Владата е мобилизирана за помош на преживеаните и нивните семејства, напиша Маричиќ на својот фејсбук профил.

Министрите за транспорт и врски и за економија, Благој Бочварски и Крешник Бектеши, изразија длабоко сочувство до семејствата на загинатите во автобуската несреќа.

-Нема зборови кои можат да не утешат после оваа трагедија. Во овие моменти на колективна тага, нашите мисли ги упатуваме кон оние кои ги загубија животите и нивните најблиски. Нека е вечен споменот на жртвите, упатувам најдлабоко сочуство до нивните семејства. Посакувам целосно и брзо закрепнување на сите повредени, напиша Бочварски на својот фејсбук профил.

И Бектеши им посака брзо закрепнување на повредените.

-Тажен од трагедијата која ги однесе животите на повеќе од четириесет лица во страшната автобуска несреќа во Бугарија! Изразувам сочувство до сите семејства на луѓето кои ги загубија животите и на сите повредени им посакувам брзо закрепнување!“, напиша Бектеши.

„Денеска е многу тажен ден за нашата земја и за регионот – 45 македонски државјани го загубија животот во сообраќајна несреќа што се случи кај нашиот источен сосед. Изразувам сочувство за нивните семејства“, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска на почетокот на конференцијата „Наука за развој, Заедно е возможно“, која почна со една минута молк за почит за загинатите.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изрази сочувство до семејствата на загинатите во автобуската сообраќајна несреќа.

-Нема зборови што може да ја искажат тагата во вакви моменти. Сочувство до семејствата на загинатите. Ова е голема трагедија за Македонија, напиша Мицкоски на својот фејсбук профил.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети изрази длабоко сочувство до семејствата на настраданите.

-Толку многу болка ни донесе ова утро. Страшната сообраќајна несреќа во Бугарија ги однесе животите на толку многу наши граѓани. Во овие тешки моменти на тага и болка, изразувам најдлабоко сочувство до семејствата на оние кои ги загубија животите во трагичната несреќа во Бугарија и го молам Бога да им даде трпение на семејствата и да ги исцели повредените, напиша Ахмети на својот фејсбук профил.

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска изрази сочувство до семејствата на загинатите во трагичната автобуска несреќа во Бугарија.

-Македонија денеска е обвиена во црно. Тага и неверување за несреќата што се случи утрово во Бугарија. Нема зборови кои можат да го опишат чувството на болка и тага. Сочувство до семејствата на загинатите во трагичната автобуска несреќа, напиша Арсовска на својот фејсбук профил.

Сочувство до ожалостените испрати државниот врв, претседателот Пендаровски и претседателот на Собранието Џафери.

Премиерто Заев од раните утрински часови заедно со министрите Венко Филипче и Бујар Османи се во Бугарија.

Сочувство изрази и дипломатскиот кор во земјава, а трагичната вест со длабоко жалење беше примена во целиот регион и пошироко.

Ј. Ѓ.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

СП: Прекината наставата во ОУ „Исмаил Ќемали“ во Чаир, учениците плачат за 6-те другарчиња кои загинаа во Бугарија

НАЈНОВО

Кочани вечерва сплотено во болка, љубов и заедништво – ѕвездено небо и светлина за 62 ангела

September 16, 2025
Фото: Фејсбук на Марија Андоновска

ИЈЗ: Нема радиоактивност во водата и опасни тешки метали во почвата по пожарот во Трубарево

September 16, 2025
„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025 фото: ЦИВИЛ

(ФОТО) „Шест месеци без правда за Кочани“ – Марш за ангелите во Скопје

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски смета дека единствено Левица ѝ фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk