ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Јовески и Рускоска на местото на автобуската несреќа во Бугарија

November 23, 2021 14:38
in ДЕНЕС, ПРАВДА, ТРАГЕДИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески и основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Рускоска денеска итно отпатуваа на местото на автобуската несреќа на автопатот „Струма“ во Република Бугарија, каде, како што информираат, се сретнале со директорот на бугарската Национална истражна служба Борислав Сарафов.

Јовески, се вели во соопштението, на средбата со Сарафов, истакнал дека Јавното обвинителство на Република Северна Македонија ги става на располагање сите капацитети на колегите од Бугарија со цел што поскоро утврдување на причините за трагичниот настан во кој според првичните информации 46 лица го загубија животот, а уште 7 се повредени.

– Долги години имаме професионална соработка со бугарското Обвинителство и верувам дека професионално ќе ги разјаснат сите околности во овој настан. Ние ќе дадеме помош во делот на обезбедување документација, идентификување на настраданите и се она што е потребно во истражувањето, кажа Јовески, се вели во соопштението.

Утрово Јовески, доби порака со сочувство за трагичниот настан од Главниот јавен обвинител на Република Бугарија Иван Гешев.

– Јавното обвинителство на Република Бугарија ќе ги вложи сите напори за расчистување на настанот и утврдување на причините кои ја предизвикаа тешката сообраќајна несреќа, увери Гешев во пораката, стои во соопштението. /MИА/

Next Post

Црвен крст со отворени сметки и телефонски броеви за донации за семејствата на настраданите

НАЈНОВО

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk