Министерскиот совет на Бугарија донесе одлука со која 24 ноември 2021 година е прогласен за Ден на национална жалост во спомен на жртвите од пожарот што на 22 ноември избувна во Домот за стари лица во селото Ројак во Општина Дулгопол и за настраданите во тешката автобуска несреќа на автопатот „Струма“ на 23 ноември.
– Владата изразува сочувство до роднините на жртвите. Во нивен спомен државните знамиња на сите државни институции ќе бидат спуштени на половина копје, соопшти прес-центарот на бугарската Влада.
извор: МИА