ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАНИПУЛАЦИИ ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Во Бразил 60 отсто од населението е целосно вакцинирано

November 25, 2021 19:47
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Плажа во Бразил. Фото: Исечок од видеото

Плажа во Бразил. Фото: Исечок од видеото

Share on FacebookShare on Twitter

Не е вистина дека многу малку од луѓето  во Брaзил се вакцинирани. Тоа може лесно да се провери на сајтот „Ourworldindata.org“, каде што може да се прочита дека повеќе од половина од населението на Бразил се вакцинирани, односно, администрирани се вкупно 297.960.460 дози вакцини. Целосно вакцинирана е 60 отсто од популацијата во оваа земја, а 76 отсто имаат примено прва доза вакцина против ковид-19, пишува „Вистиномер“ во својата анализа на дезинформацијата.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Пост на Фејсбук ја дезинформира јавноста дека во Бразил многу мал дел од луѓето биле вакцинирани против ковид-19. Ова не е точно.

Постот споделува видео од плажа во Бразил на која се присутни многу луѓе и вели:

Ова е во Бразил, каде многу малце од лугето се вакцнирани. Гледате како лугето „пагаат како муви“ оти не примале вакцина?

Лага е дека во Брaзил многу малку од луѓето се вакцинирани, како што се сугерира во постот, а тоа може лесно да се провери на сајтот „Ourworldindata.org“.

Доколку отидете на оваа страница и побарате податоци за вакцинацијата во Бразил ќе видите дека 60 отсто од популацијата во оваа земја е целосно вакцинирана, а 76 отсто имаат примено прва доза вакцина против ковид-19. Тоа значи дека повеќе од половина од населението на Бразил се вакцинирани, односно, дадени се вкупно 297.960.460 дози вакцини.

Кампањата за масовна имунизација во Бразил е тековна и истата започна на 17 јануари 2021 година, кога земјата имаше 210 илјади смртни случаи. Институтот Бутантан ги увезе првите 6 милиони дози на CoronaVac во соработка со кинеската компанија Sinovac Biotech.

Во Бразил се достапни вакцините Фајзер, Спутник В, Џонсон и Џонсон, Астра Зенека, Ковишилд, Синофарм и Синовак.

Како што неодамна (14.11.2021) напиша „Њујорк Тајмс“, Бразил, кој некогаш беше жариште на пандемијата, сега ги надмина Соединетите држави во целосно вакцинирање на својот народ против коронавирусот, при што над 60 отсто од бразилското население е целосно имунизирано. Стапката во САД на целосна вакцинација изнесува 59 проценти.

Достигнувањето е во спротивност со начинот на кој претседателот Жаир Болсонаро се справуваше со пандемијата на која ѝ се потсмеваше, а тој самиот одби да се вакцинира. Тоа, исто така, го одразува степенот на довербата на јавноста во робустен здравствен систем со евиденција за брзо реагирање во такви кризи, пишува „Њујор Тајмс“.

Од сето ова можеме да заклучиме дека постот што го рецензираме шири дезинформации и истиот го оценуваме како невистинит,пишува „Вистиномер“.

 

Next Post
вештачка интелигенција

УНЕСКО донесе прв меѓународен документ за вештачка интелигенција

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk