ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Што е засега познато за новата варијанта на коронавирусот – омикрон

November 27, 2021 18:37
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
The Irish Sun

The Irish Sun

Share on FacebookShare on Twitter

Новиот сој на коронавирус, наречен омикрон, првпат беше идентификуван од јужноафрикански научници, но не е сигурно дека првпат се појавил во Јужна Африка. Засега е регистриран во Белгија, Боцвана, Хонг Конг и Израел. Тој засега не е евидентиран во Соединетите Американски Држави, објавија американските Центри за превенција и контрола на болести (ЦДЦ).

Се верува дека омикрон, претходно познат како Б.1.1.529, е многу позаразен од другите варијанти на коронавирус.

Во Јужноафриканската Република е забележан пораст на бројот на пациенти од просечни 200 дневно на дури 2.465, за што научниците ја обвинија новата варијанта.

Светската здравствена организација соопшти дека прелиминарните докази покажуваат дека дури и оние кои веќе имале ковид, може да се заразат со омикрон.

Омикрон има 30 мутации во себе, што објаснува зошто толку лесно се шири. Вирологот Лоренс Јанг го опиша омикронот како сој на вирусот кој има најмногу мутации досега, вклучувајќи ги и оние кои досега не се забележани.

Коронавирусот мутира додека се шири, некои варијанти преживуваат, некои умираат.

Научниците велат дека е можно омикрон да потекнува од некој кој веќе бил заразен со коронавирус, како што беше случајот со британскиот (алфа) сој, кој беше создаден од вирусот кој мутирал кај лице со нарушен имунитет.

Сè уште не е познато дали оваа варијанта предизвикува посериозни клинички слики од бета и делта варијантите на коронавирусот.

Исто така, ќе биде потребно време да се утврди дали постоечките вакцини се ефикасни против омикрон. Питер Опенсоу, професор на Кралскиот колеџ во Лондон, вели дека е малку веројатно вакцините да не делуваат против омикрон, бидејќи вклучуваат голем број мутации.

Прашање е колку омикрон ќе може да се прошири низ светот и да го загрози моментално најдоминантниот вид – делтата.

Светската здравствена организација  омикрон го оквалификува како варијанта која „предизвикува загриженост“, предупредувајќи дека може да се шири побрзо од другите форми на вирусот.

Омикрон, именуван по грчката буква, е петтиот сој што е означен како „предизвикува загриженост“. Во истата категорија е и делта варијантата, која стана најзастапена во светот. СЗО мутациите ги гласификува како оние кои предизвикуваат загриженост и варијанции што се следат.

Постојните ПЦР тестови успешно го детектираат сојот омикрон, се наведува во синоќешното соопштение од СЗО. /МИА/.

Next Post

Лајчак: Интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ нема алтернатива, но Унијата не е задоволна од Балканот

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk