СДСМ за 2,5 години ја покачи минималната плата за 5.500 денари, отворени се околу 60.000 нови работни места Од економија која што во последниот квартал од владеењето на ВМРО ДМПНЕ бележеше негативен раст од -1.8%, стигнавме до раст од 3.6% во трите квартали на 2019 година. Овој раст овозможува да се грижиме за сите и за само 2.5 години ја зголемивме минималната плата на 14.500 денари, или 5.500 денари зголемување од срамните 9.000 денари колку што изнесуваше во времето на ВМРО ДПМНЕ, пишува во партиското соопштение.
„Невработеноста покажува одржливо намалување, поддржано од значително креирање на нови работни места. Невработеноста е намалена на историски најниско ниво од 17,1 насто, од 23,6 насто пред 2,5 години. За само 2,5 години, преку водење на успешни и конкретни економски политики отворени се околу 60.000 нови работни места, од кои повеќето се во реалниот сектор. Ова е разликата, ние отвараме реални работни места наспроти административно бришење на невработени во времето на ВМРО ДПМНЕ“, се вели во соопштението.