Напаѓач отворил оган во црква во Тексас, фатално затрелал две лица пред да биде убиен од вооружен член на црквата, јави Би-би-си.
Не е утврден мотивот за пукањето, кое траело шест секунди.
Началникот на полицијата во областа ги пофали „херојските постапки“ на оние кои му се спротивставија на напаѓачот.
Пукањето е снимено затоа што мисата се емитувала во живо на социјаните мрежи.
Пожарникарите известија дека три лица, се пренесени од местото на настанот во критична состојба. Тие додадоа дека опасноста поминала.
„Две од овие лица починаа на пат кон болница, додека третото е успешно реанимирано“, рече Макара Трусти, портпарол на локалната служба за итни случаи.