ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Битиќи-Спајиќ: Јавните финансии во функција на граѓаните, поддршка за компаниите во време на кризата, привлекување на нови инвестиции и поттикнување на повисоки плати

December 2, 2021 16:18
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамките на официјалната посета на Црна Гора, заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, се сретна со министерот за финансии и социјална грижа, Милојко Спајиќ, со кој разговараа за повеќе теми поврзани со управувањето со јавните финансии во функција на поддршка на граѓаните и стопанството.

На состанокот се разменија искуства во спроведувањето на мерки за поддршка на стопанството и граѓаните за време на здравствената и економска криза, предизвикана од пандемијата со коронавирусот Ковид-19, кога буџетите на државите се ставија во функција на поддршка на здравствениот систем и на одржување на ликвидноста на стопанството и задржувањето на работните места за граѓаните, но и за развојни проекти со кои ќе се забрза процесот на опоравување во пост-ковид периодот.

Вицепремиерот Битиќи и министерот Спајиќ разговараа и за политиките и мерките за привлекување и поддршка на нови инвестиции на компаниите, при што се согласија дека регионот на Западен Балкан има голема шанса во пост ковид периодот да биде препознаен како атрактивен регион за нови инвестиции на компании од регионот, но и големи меѓународните корпорации, како поради близината до земјите од ЕУ, така и поради тековните процеси, со кои се подигнува конкурентноста на земјите во регионот и на целиот Западен Балкан.

Покачувањето на минималната плата, влијае на подигнување на животниот стандард на граѓаните и на покачување на сите плати во стопанството, се согласија соговорниците, пришто вицепремиерот Битиќи нагласи дека во изминатите четири години, Владата на Република Северна Македонија, во инклузивен дијалог со синдикатите и стопанските комори успеа да ја зголеми минималната плата за околу 56%, a инклузивноста и транспарентноста е процес кој се применува при носење на сите стратегии, политики, програми и мерки, во насока на ефикасност и ефективност на истите.

Министерот Спајиќ го информираше вицепремиерот Битиќи за програмата „Европа сега“ и со сите бенефити кои што ќе ги добијат граѓаните со реализација на оваа програма.

На состанокот се констатираа одличните односи помеѓу двете земји и беше искажана недвосмислена определба за понатамошно продлабочување на соработката на сите нивоа.

 

Next Post

Вистиномер: Стотина вработени во штипската болница се невакцинирани

Shortcut

Најново

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026
Image: Bing Image Creator

Како вештачката интелигенција го менува нашиот живот: Фикцијата останува фикција, но Механизмот…

August 31, 2026
Фото: Томислав Георгиев

„Фолтин“ со јубилеен концерт во Хераклеа одбележа 30 години со публиката

August 31, 2026

Штерјова: Автобуси што горат и превоз што не функционира – ова е резултатот од 10 месеци Орце Георгиевски

August 31, 2026

Цаневска: Македонија има највисока стапка на западнонилска треска во Европа – кој ја менаџира кризата во Скопје?

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk