ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: Со Алтернатива зборуваме за одговорности во Владата, не за распределба на ресори

December 2, 2021 20:32
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претпоставки и шпекулации се информациите во јавноста дека со Алтернатива сме разговарале за распределување ресори или за определени имиња. Не сме дојдени на тоа ниво, туку зборуваме за одговорности во Владата по одредени прашања, вели кандидатот за претседател на СДСМ и заменик-министер за финансии, Димитар Ковачевски.

Ковачевски, кој вечерва гостуваше во дневникот на ТВ Сител, рече дека до крајот на неделата ќе има уште една или две средби. Во тек се внатрепартиските консултации.

– Вчера имавме разговори со Гаши и неговиот тим, кажавме дека е постигнат напредок во усогласувањето на програмските определби на новата можна влада. Ги разменивме и нашите мислења во однос на преземање одговорности во Владата кој би е формирла ако се постиген  договор. Остана да се спроведат разговори низ партиите и да се видиме уште еднаш или двапати до крајот на неделата. Во овој момент воопшто не беше тема распределувањето ресори и определување имиња, тоа  што се зборува во јавноста се претпоставки и шпекулации, рече Ковачевски и изрази надеж дека со Алтернатива ќе биде постигнат договор.

Според него, кој ќе биде примиер прво зависи од внатрепартиските избори во СДСМ. Потоа следува разговор и одлучување во партиските тела. Откако тука ќе се дефинира кој е мандатарот предложен од СДСМ, треба да се помине и филтерот на разговори со коалициските партнери. На крајот доаѓа гласањето во парламентот.

Ковачевски нагласи и дека кон Заев има голема почит.

– Тој ги донесе најтешките одлуки во државата благодарение на кои сме членка на НАТО и сме на чекор до почеток на преговорите со ЕУ. И при најавата на оставката тој кажа дека ќе остане премиер додека не се оформи парламентарно мнозинство кое ќе може да се справува со енергетската криза, пандемијата и евроинтеграциските процеси. Неговото останување на премиерското место не би го ограничувал временски на денови, недели или месец два се додека се овие процеси актуелни и додека тој може да име позитвно влијание врз нив, истакна Ковачевски.

Ако биде избран за претседател на СДСМ, Ковачевски, како што рече, ќе се потруди да ги идентификува најдобрите кадри и да привлече стручни лица однадвор, како и луѓе од дијаспората од приватниот сектор и науката, кои ќе можат да преземат одредени одговорности за поефикасно справување со предизвиците не само на партиско, туку и на институционално ниво.

– Давање фер шанса на најдобрите и во партијата и во државата е мојата цел, подвлече Ковачевски.

На прашањето дали ќе ги врати дистанцираните членови на СДСМ како Максим Димитриевски, одговори дека е секогаш подготвен за разговор и отворен да слушне различни мислења

– СДСМ има над 80.000 членови и сите делат социјалдемократски вредности. СДСМ има демократски капацитет да има и спротивставени мислења на членовите. Треба да се седне и да се разговара за да се види како може да се усогласат различните мислења и од тоа да се извлече нов квалитет. Ако бидам избран за претседател на партијата ќе бидам отворен секогаш за разговор со секој што има различно мислење, а дали јас ќе го иницирам тоа или некој друг, е ирелевантно, потенцира Ковачевски.

За спорот со Бугарија рече дека е задолжено МНР со учество на премиерот и СЕП.

– Се одвиваат раговори, ги немам деталите зашто сум дел од економските владини ресори. Не би сакал да прејудицирам одредени коментари кои би можеле да влијаат на процесот. Бугарија е наш прв сосед со кој треба да ги развиваме сорботка на сите нивоа и полиња. Со оглед дека земјава ги исполни сите предуслови на ЕУ и последоватлено има четири позитивни извештаи, сметам дека сега е време ЕУ да определи датум за прва меѓувладина конференција и почеток на преговорите, а Резолуцијата донесена во Парламентот со која се деифнирани црвените линии се почитува, нагласи Ковачевски

Next Post

Доставени три кандидатури за претседател на СДСМ, рокот истекува денеска во 16 часот

Shortcut

Најново

Петрит Сарачини

Зошто јавноста ги третира поинаку невладините кадри на функции во времето на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ? 

August 20, 2026

Филипче: СДСМ бара минимална плата од 600 евра – законот го поднесуваме повторно во Собранието

August 20, 2026
Фото: Влада

Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

August 20, 2026

Филм „Џган“ на Вардан Тозија слави 10 години, проекција на отворената катна гаража во Скопје Сити Мол

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Крвавиот биланс расте по рускиот напад врз цивилни цели во Кијив: Спасувачите пребаруваат урнатини, има најмалку 14 загинати, според дел од извештаите и повеќе

August 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk