ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Стартуваше изградбата на топловодна мрежа од РЕК Битола до Битола

December 6, 2021 15:16
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за економија Крешник Бектеши и генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски денеска во РЕК Битола го означија почетокот за изградба на топловодна мрежа од комбинатот за општините Новаци, Могила и Битола.

На свеченоста во РЕК Битола министерот Бектеши посочи дека Владата е посветена на реализација на проекти кои ќе значат намалување на загадувањето, намалување на потрошувачката на електрична енергија и зголемување на енергетската ефикасност и секако зголемување на безбедноста и сигурноста на дистрибутивната мрежа на електрична енергија.

-Владата усвои амбициозна стратегија и презема конкретни мерки и активности за реализација на стратешките определби кон зелена економија и воведување почисти енергенси во економијата и домаќинствата. Енергетските трендови во развиениот свет ја нагласуваат поамбициозната транзиција кон нискојаглеродна економија, при што, обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност се меѓу најважните фактори што ја овозможуваат транзицијата Стратегијата за развој на енергетиката на Република Северна Македонија до 2040 година се потпира на рамката од пет димензии на енергетската унија на ЕУ, земајќи ги предвид спецификите на земјата, со следнава визија, до 2040 година за сигурен, ефикасен, еколошки и конкурентен енергетски систем што е способен да го поддржи одржливиот економски раст на земјата. Фактот што половина од вкупната побарувачка на енергија на ЕУ е наменета за греење и ладење укажува на тоа дека во овој сектор потребни се значителни промени, посочи Бектеши.

Министерот Бектеши нагласи дека предизвик во грејниот сектор е постојано да се прават промени со веќе достапните технологии, и особено е важно да се испланираат локациите за инсталирање на нови и проширувања на постојната дистрибутивна мрежа.

-Важноста и потребата од вакви мапи се потпираат на три основни аспекти, промовирање на грејниот сектор, можноста за користење енергетски ефикасни технологии и обновливи извори на енергија и интеграција во секторот. Затоа сакам да кажам дека реализацијата на овој проект за изградба на топлификациска мрежа во Битола, Новаци и Могила ќе има големо влијание врз зачувување на животната средина, а од друга страна ќе ги намали трошоците кај домаќинствата за загревање, односно ќе има поконкурентни цени од другите енергенти кои се користат, што е наш најголем приоритет, рече Бектеши.

Според генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски, после 40 години постоење на РЕК Битола и децениско размислување за реализирање на топлификација за Битола, проектот кој беше во подолг застој поради големи претходни пропусти во планирањето, за само две години актуелното водство на компанијата овозможи услови за изградба на терен.

-Почетокот на ископот на трасата што ќе води до градот Битола и официјално стартува и јас, како битолчанец, сум многу среќен што сум сведок на реализацијата на една идеја за која во Битола и околината со години се зборуваше. За топлификацијата се користи кредит од германската KFW банка во вредност од над 40 милиони евра, а дополнително ние како компанија ќе инвестираме 7 милиони евра сопствени средства. Изведувачот има рок од две години за изведување на првата фаза од проектот за која е потпишан договорот, а тоа е ископ за трасирање на топловодот и поставување на топловодните цевки од РЕК Битола до градот Битола, како и секундарна, односно дистрибутивна мрежа во градот, по што следува втората фаза во која ќе бидат поставени потстаници кои ќе го поврзат цевководот со РЕК Битола и цевководот со разгранетата дистрибутивна мрежа низ градот Битола. Во третата фаза ќе бидат поставени потстаници на институциите кои ќе бидат приклучени на парното греење, истакна Ковачевски.

Според утврдениот план, во мрежата со топлификација на почетокот ќе се приклучат 35 државни и општински институции во Битола кои ќе искористат една третина од капацитетот на системот. Со другите две третини ќе се задоволат потребите на големите станбени и деловни згради и на индивидуалните куќи во Битола, Новаци и Могила.

-Еколошките придобивки од Топлификацијата се исклучително значајни. Со воведување на ваков вид на греење во голема мера ќе се исфрли од употреба загревањето на горива кои загадуваат, како во институциите така и во домовите. На тој начин, создаваме долгорочно и одржливо решение за намалување на загадувањето во Битола и околината, но и големи агро придобивки за општините Новаци и Могила. Во таа смисла, рече Ковачевски, очекувам соработка со новоизбраните градоначалници и искрено жалам што тие денес иако уредно поканети не присуствуваа на свечениот момент бидејќи успешната реализација на проектот е поврзана со поддршката на трите локални самоуправи кои немаат финансиски обврски туку само обезбедување на техничка поддршка тогаш кога ќе е потребна, нагласи Ковачевски.

извор: МИА

Next Post

(ВИДЕО) Ристовски за Фронтлајн: Монолог од музички фестивал преведен на знаковен јазик ме инспирираше за претставата „Три“

Shortcut

Најново

Високи затворски казни во Хаг за косовските лидери на ОВК: Ахмети и ВЛЕН со остри реакции за пресудите

September 16, 2026

Хашим Тачи од судот во Хаг прогласен за виновен за воени злосторства, осуден на 25 години затвор

September 16, 2026
Порака на кампањата на ЦИВИЛ по повод Меѓународниот ден на демократијата, 15 септември 2026.

ЦИВИЛ на Меѓународниот ден на демократијата: Назадувањето на демократијата има човечка, економска и безбедносна цена

September 15, 2026

Од 15 до 18 октомври започнува 45. Скопски џез фестивал: Четири вечери, 13 земји и ексклузивни концерти

September 15, 2026

Партиски пресметки за судството: СДСМ обвинува за неказнивост зa Кочани, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со модуларната болница во Тетово

September 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk