ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

СДСМ: Растот на БДП од 3% и растот на извозот од 29% се доказ дека македонската економија е стабилна и подготвена за следните предизвици

December 9, 2021 12:19
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Бројни показатели потврдуваат дека, македонската економија е стабилна и е подготвена за справување со сите глобални предизвици што претстојат, истакна на прес-конференција Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ.

Потврда за тоа е и растот на БДП во третото тромесечје од 3 отсто.

Покрај Бруто домашниот производ, расте и извозот кој во првите 10 месеци од годинава е зголемен за 29 отсто во однос на минатата година.

Ова се показатели дека Владата предводена од СДСМ, институциите, преземаат соодветни и ефикасни економски мерки и политики.

Дополнително, Народната банка официјално потврди дека денарот е стабилен и дека граѓаните не треба да се вознемируваат од информациите кои тенденциозно се појавија на одредени медиуми.

СДСМ како одговорна, социјалдемократска партија во континуитет презема мерки што значат вистинска грижа за граѓаните и заштита на нивниот економски стандард.

Во таа насока е и Одлуката на Владата за замрзнување на цените на основните продукти до 31 јануари 2022 година, кои нема да смеат да бидат повисоки од цените кои биле на први декември оваа година.

И во следната 2022 година, ќе продолжи растот на платите и на пензиите.

Веќе од јануари, минималната плата ќе изнесува 18.000 денари, а со новата методологија за законско усогласување, пензиите двапати во годината ќе растат помеѓу 400 и 600 денари, во зависност од висината на конкретната пензија.

Буџетот е ликвиден, државата има доволно пари за помош на граѓаните и компаниите за надминување на претстојните предизвици.

Имајќи ги предвид предизвиците со цената на струјата, ќе следува субвенционирање на трошоците за електрична енергија за ранливите категории граѓани и семејства.

Сето ова е во насока на зајакнување на економскиот стандард на граѓаните во време кога целиот свет се соочува со енергетска и економска криза.

Како одговорна партија, продолжуваме да обезбедуваме повеќе пари кај секој граѓанин, во секое семејство, продолжуваме да се водиме од интересите на граѓаните.

Next Post

Голем интерес од Молдавија за туристичките понуди во земјава

Најново

Вајц вели земјава не постигнала никаков напредок во реформите во последната година, според Мицкоски нема таков извештај од ЕУ

April 27, 2026
Форо: Скриншот, видео Ројтерс на ФБ

NBC News со анализа за теориите на заговор по нападот во Вашингтон

April 27, 2026

ССМ со петта Синдикална академија: Зајакнување на работничката борба во пресрет на големиот јубилеј

April 27, 2026
Брифинг на Венка Филипче

Филипче: Никогаш и никаде не кажавме дека ќе го напуштиме Собранието, тоа е само спин на премиерот

April 27, 2026
Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис (27 април): Активирање на продуктивноста и аналитичкиот ум

April 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk