ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Промените во Грција околу сертификатите за вакцинација и прележан Ковид-19 се однесуваат и на туристите

December 9, 2021 14:02
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Забрана за влез во затворени простори за лицата над 60 години кои не примиле трета доза, а поминале седум месеци од вакцинацијата, што стапува во сила од понеделник и намалување на три од шест месеци на потврдата за прележан Ковид-19 од февруари следната година, се двете нови мерки во Грција, а важат и за посетителите и туристите во земјата, потврди портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, на денешниот редовен брифинг со новинарите.

Со оглед на тоа дека пракса во Грција е сите мерки да важат за сите, без разлика дали се грчки државјани или туристи, истото ќе важи и сега, а според тоа и за македонските државјани за време на нивниот престој кај јужниот сосед.

За промените, дописничката на МИА од Атина, на денешниот редовен брифинг со новинарите побара одговор од портпаролот на грчката Влада, како во однос на мерката за лицата над 60 години и времетраењето на сертификатот, така и во однос на скратеното времетраење на потврдата за прележана болест и дали тоа ќе значи промена на предусловите за влез во земјата, со оглед на тоа дека е една од опциите за патување во Грција.

– Промените се однесуваат на сите кои се наоѓаат на грчка територија и за двете мерки. Во однос на навршувањето седум месеци за сограѓаните кои се над 60 годишна возраст и немаат примено бустер доза, без разлика дали се грчки граѓани или граѓани на други земји кои во нашата земја се наоѓаат од други причини, важи токму истото, нема да ги имаат привилегиите на вакцинираните. Во однос на потврдата за прележан Ковид-19, од 31 јануари, односно по 1 февруари, им даваме еден неопходен временски период за да се прилагодат и да имаат можност да се вакцинираат, ќе важат токму истите правила и за Грците и за граѓаните на други земји, објасни Иконому.

Последната министерската одлука со предусловите за влез во земјата, која предвидува задолжителен сертификат за вакцинација или негативен ПЦР/рапид тест или потврда за прележан Ковид-19 во изминатите шест месеци, која воедно важи и за македонските државјани,  беше објавена минатиот петок и  во сила е до утре наутро.

Од понеделник, лицата над 60 години кои не примиле трета доза, а поминале седум месеци од вакцинацијата, според Иконому, „нема да ги имаат привилегиите што ги имаат вакцинираните“ и за нив ќе важат „истите рестрикции како и за невакцинираните“.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

(во живо) НАТО за воздушното патролирање над Република Северна Македонија

НАЈНОВО

Фото: Скриншот од видео сторија на ИРЛ

Кристина Костова по сторијата од ИРЛ: За ваква партиски организирана корупција која ништи животи, паѓаат Влади во светот

September 28, 2025

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците на Македонија со одлука за взаемна поддршка на своите кандидати за градоначалници и самостоен настап во одредени општини

September 28, 2025

Филипче: Негласањето е награда за ВМРО-ДПМНЕ да продолжи да ја контролира цела држава

September 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Самакоски: НАСА го побара „Микросам“, вештачката интелигенција не е баук

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски започнува таму каде што застана човекот што го постави за претседател

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристина Костова по сторијата од ИРЛ: За ваква партиски организирана корупција која ништи животи, паѓаат Влади во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живот на други светови: Каде најмногу се надеваат научниците?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Нема да дозволам црвените линии на СДСМ да се контури на ново предавство во иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk