ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Потпишан колективен договор во културата

December 30, 2019 17:16
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Вработените во културата конечно по 15 години добија колективен договор со кој ќе имаат регулирани работнички права, а од 1 јули следната година ќе бидат утврдени и коефициентите за платите. Договорот беше потпишан денеска меѓу Синдикатот на културата и Министерството за култура.

Договорот ќе придонесе до правичност во групирањето на работните места, праведна валоризација на трудот на вработените, остварување на правата на додатоци на плата, спречување на злоупотребата на вработените во културата, селективност и фаворизација во утврдување на правата по работен однос и регулирање на други релевантни прашања од работниот однос.

„Овој колективен договор ги регулира работните односи на работниците во културата кои долги години не беа регулирани. Со потпишувањето ќе бидат регулирани работничките права, се валоризира трудот, се утврдуваат надоместоците и се заштитуваат сите права на вработените од културата“, истакна министерот за култура Хусни Исмаили, пренес МИА.

 

Од Синдикатот за образование, наука и култура се задоволни од потпишаниот колективен договор, но велат дека и во следниот период доколку има некакви неправилности ќе работат на нивно надминување.

„Моето убедување е дека во културата во која има вградено повеќе области невомзожно е да се најде идеален текст и идеален колективен договор. За таа цел, во соработка со Министерството за култура и колегите од Синдикатот за култура интензивно ќе работиме и во следниот период за надминување на сите отворени прашања со кои заеднички ќе утврдиме дека некаде можеби несвесно сме направиле грешка“, рече претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура Јаким Неделков.

 

Во колективниот договор има одредба со која е загарантирано зголемувањето на платите во културата и тоа нема да зависи од исходот на предвремените парламентарни избори.

„Во колективниот договор постои клаузила која кажува дека платите ќе бидат зголемени од 1 јули. Без разлика кој ќе биде на власт, тие средства ќе бидат исплатени“, рече Сања Арсовска од Синдикатот за култура.

 

 

Next Post

Претседателот Пендаровски се сретна со претставници на Комората на извршители

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk