Досегашната полициска соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Србија е на највисоко ниво, оцениле на денешната средба министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и српската амбасадорка во нашата земја, Невена Јовановиќ.
На средбата, соопштија од МВР, на која присуствувал и помошник директорот на Одделот за гранични работи и миграции Маринко Кочовски, заеднички било констатирано дека од взаемен интерес е тоа партнерство, кое и генерално е позитивно на сите други нивоа на меѓудржавна соработка, и во иднина интензивно да се продлабочува во различните сегменти на заедничко полициско делување, особено во поглед на регионалната меѓугранична соработка и миграциите.
извор: МИА