ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

МОН со инвестиција од 23 милиони денари во Кавадарци, Царовска ја отвори новата спортска сала во ОУ „Страшо Пинџур“

December 13, 2021 12:22
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Интензивното инвестирање во сите аспекти на образовниот систем, вклучително и во образовната инфраструктура и тоа рамномерно во сите општини е само потврда за тоа колку е искрена намерата и целта на Владата за обезбедување на еднаков пристап до што поквалитетно образование за сите. Уверувам дека тоа ќе биде така и во иднина, затоа што нема подобра работа од вложувањето во услови за добра едукација и за одржување на физичкото и менталното здравје на младите во државата. Така се создаваат здрави генерации полни со знаења, со креативност, со иновативност и кои можат забрзано да ја поведат земјата кон друштво на развиените во Европа.

Ова го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска на денешното отворање на новата спортска сала во состав на основното училиште „Страшо Пинџур“ во Кавадарци, инвестиција на Министерството за образование и наука во вредност од над 23 милиони денари.

„На сите кавадарчани им честитам за овој модерен спортски објект, кој е четврти по ред изграден во оваа општина со средства на МОН. Верувам дека учениците ќе бидат најзадоволни, затоа што отсега ќе имаат квалитетни часови по физичко и здравствено образование“, рече Царовска, додавајќи дека за жал, досега во училиштето немало спортска сала, па со години, како што рече, се импровизирало само за да бидат евидентирани часовите во училишните дневници дека се одржани.

„Отсега ќе биде сосема поинаку. Оваа салата е голем мотив за работа на наставниците и за добро да ја организираат наставата по овој предмет. Објектот е со површина од 650 квадратни метри и добро опремен за реализација на повеќе спортови како ракомет, кошарка, одбојка, мал фудбал и гимнастика. Имам верба дека токму од тука ќе произлезат и многу нови врвни спортисти кои ќе бранат клупски, но и репрезентативни дресови“, истакна Царовска, упатувајќи апел за интензивно, но и одговорно користење на објектот, за да можат што повеќе генерации да ја почувствуваат неговата вредност.

Спортската сала е предадена во надлежност на општината, односно училиштето, кое ќе може и да стопанисува со истата, така што објектот по завршувањето на часовите на учениците, ќе биде достапен и за спорт и рекреација на сите заинтересирани жители на Кавадарци.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Спасовски: Идниот мандатар ќе одлучи кои ќе бидат на министерски позиции

НАЈНОВО

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците на Македонија со одлука за взаемна поддршка на своите кандидати за градоначалници и самостоен настап во одредени општини

September 28, 2025

Филипче: Негласањето е награда за ВМРО-ДПМНЕ да продолжи да ја контролира цела држава

September 28, 2025

Филипче од Конвенцијата: Да подадеме рака секому, водени од грижата, солидарноста, достоинството и слободата како наши темелни вредности

September 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Самакоски: НАСА го побара „Микросам“, вештачката интелигенција не е баук

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски започнува таму каде што застана човекот што го постави за претседател

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Нема да дозволам црвените линии на СДСМ да се контури на ново предавство во иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живот на други светови: Каде најмногу се надеваат научниците?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Секојдневен хаос на „Фрањо Клуз“ во Аеродром – улицата заробена од несовесно паркирање, властите не реагираат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk