Една црква во Охајо, САД, се соочува со чудна дилема.
Имено, Градскиот оддел за безбедност, до нив, доставија барање да ја пренаменат институцијата ако сакаат да сместуваат бездомници.
Црквата во соработка со непрофитна организација почна проект со кој во студените зимски денови сместуваат бездомници на топло.
Од Одделот за безбедност од нив е побарано да ги обноват противпожарните апарати, но и ако сакаат да сместуваат бездомници да се пренаменат за таа дејност.
Пасторката на црквата вели: „Да ве разберам за обновување на противпожарните апарати, но да барате од нас да не бидеме црква за да може да им помагаме на луѓето, малку е нелогично“, пренесе телевизијата Њус 19.
Таа додава дека работа на црквата е да помага на немоќните.
Црквата има право на жалба во следните 30 дена, пренесоа американските медиуми.