Политичкиот Ислам е реалната опасност за Албанците во Македонија, било тоа историски, било тоа сега, рече лидерот на ДПА, Мендух Тачи за Утрински брифинг на Слободен печат.
„Нашата партија цело време укажуваше на тоа. Јас во последно време зборам и за можноста на финансирање на одредени политички чинители од источниот дел од светот. Ние немаме ништо заедничко со тоа. Нашиот идентитет е прозападен и во мометот кога ќе станеме членка на НАТО и таа грижа ќе ја снема, изјави Тачи за Утрински брифинг, околу зачестените коментари дека одредени политички партии се финансиираат од земји каде Исламот е и политика и религија.