Доктрината и новата епоха на ВМРО-ДПМНЕ е добро спакувана, но се прашувам дали има доволен демократски капацитет во тоа раководство за да се спроведува. Мислам дека ВМРО-то на Мицкоски сè уште не е ослободена од ,,шефот’’ за да се реформира. Сега за сега ме радува фактот што се осмелија да објават една декларативна доктрина, вели во интревју за Локално.мк поранешниот пратеник и политички аналитичар Исмет Рамадани.
За тоа дали Ковачевски ќе донесе обединување во партијата според аналитичарот Заев научената лекција ќе може најдобро да му ја пренесе на новиот лидер на СДСМ.
„Неговата високоморална оставка доаѓа како резултат на високо поставени стандарди на лидер кој остава простор времето да покаже за неговото лидерство базиран на човечки вредности. Новиот лидер Ковачевски,изгласан на слободни партиски избори,се надевам ќе продолжи од таму каде застана Заев, вели Рамадани.