ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Слободното движење во ЕУ повторно загрозено поради сојот омикрон

December 17, 2021 08:13
in ДЕНЕС, СВЕТ
The Irish Sun

The Irish Sun

Share on FacebookShare on Twitter

Повеќе земји членки на ЕУ се на ставот дека се потребни дополнителни рестрикции за патување поради новиот сој на Ковид-19, со што се загрозува релевантноста на европскиот санитарен пас, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Самитот кој се одржува овие два дена во Брисел се фокусира на големите предизвици пред кои е исправена ЕУ и нејзиното единство. Освен здравствената состојба, лидерите вчера разговараа за Украина, Русија, Белорусија, миграција и економија.

Што се однесува до здравствените мерки и рестрикции, Италија, но и Грција или Португалија бараат дополнителни негативни ПЦР тестови за влез на нивната територија вклучително и за вакцинирани лица.

Европската комисија и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, како и бројни други земји членки бараат посилна координација на ниво на ЕУ за да не се попречи слободното движење во Унијата и пред сѐ заедничкиот пазар, и да остане релевантен ковид пасот, што Европската комисија го смета за свој голем успех.

Но, шефовите на држави и влади не успеаја да постигнат компромис на оваа тема, и во наредниот период Европската комисија би требало да настапи со нова иницијатива со која ќе се заштити пазарот на ЕУ.

Вообичаените проевропски држави како Белгија и Луксембург вчера побарале од Италија, Грција и другите земји кои воведоа нови рестрикции за влез на нивна територија да ги ревидираат своите одлуки, но неуспешно. Италија и со 80 отсто вакцинирано население брои над 130 илјади жртви од Ковид-19 од почетокот на пандемијата и новиот сој внесе голем страв посебно во земјите кои живеат од туризам.

Комисијата во следните недели ќе треба да предложи пролонгирање на европскиот дигитален ковид пас кој за сега останува валиден до 30 јуни 2022, но нејасно е колку време ќе важат двете дози и кој ќе биде законскиот рок во ковид пасошот за третата доза.

Лидерите сепак постигнаа компромис на друга тема: опцијата за нови санкции против Русија.

Присуството на руската војска на украинската граница не се намалува според лидерите на ЕУ и генералниот секретар на НАТО кој беше поканет вчера на самитот.

Заклучоците усвоени вчера од страна на лидерите и се заканија на Русија дека доколку има нова воена агресија врз Украина “последиците ќе бидат тешки“.

Според информациите кои им се лиферуваа на новинарите синоќа се споменуваат мерки поврзани за руско-германскиот гасовод Северен Тек 2 како и финансиски санкции.

За сега ЕУ повикува на дипломатско решение и обновување на преговорите помеѓу Франција, Германија, Русија и Украина (познати како Формат Нормандија) и целосно применување на договорот од Минск.

Унијата уште еднаш ги осуди обидите за “инструментализација на мигрантите“ на нејзините надворешни граници алудирајќи на Белорусија и повика на брза и засилена акција во делот на враќањата на азилантите и мигрантите./МИА/. 

Next Post

Радев: Бугарското малцинство да биде во Уставот на Северна Македонија, тоа ќе ги отвори вратите за преговори

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk