пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
ВМРО е љубовна несреќа во која на асфалтот остануваат седум осмини од мозокот на Македонецот.
Кај понеотпорните, како што се нетапацираниот Антонијо или синусоидната Лигња, како флека остануваат и повеќе од седум осмини.
Во медицинската литература е забележан и случајот на некој си Мицко кој успеал да загуби десет седмини, но, тоа се ретки таленти.
ВМРО е црешово топче кое, при секој истрел, цвета и раѓа мртви или зашеметени Македонци.
ВМРО е кутлача со која родителот секое утро црпе од сивата маса на своето дете пред да го прати на училиште кај што дупката ќе му ја пополнат со чудата на Исус и со чудата на науката која во безгрешен однос со Ѓуровска, успеала да ја роди малата саката тезичка дека „жените во помал обем ги извршуваат следните кривични дела: прељуба, недозволен абортус, уцени, кражби, кривоклетство“.
Децата би можеле да помислат дека македонските жени се слаби односно дека не се во состојба да извршат кривични дела во поголем обем. Но, среќа, го имаме воншколскиот учебник на Тричковски во кој стои дека во поголем обем жените извршуваат кривични дела кога пишуваат и дистрибуираат учебници во кои вака убедливо парадира глупоста на Македонецот кој останал без седум осмини од мозокот во љубовниот судир со ВМРО.
Македонија е мис на Универзумот на која при врачување на круната на свеченоста во Дурбан и никнала опашка на која пишувало „Од вмро со љубов“. Жената, меѓутоа, не се збунила, туку го зела микрофонот и на прашањето на водителот рекла дека таа го разбира светот како поле за опашкарски натпревар меѓу жените.
ВМРО е Македонец кој во јавна куќа дрка.
ВМРО е лек со поминат рок на траење.
ВМРО е Македонец кој од јајцата на Фаберже прави кајгана, а од Мона Лиза плакати за концертот на Сека Алексиќ.
ВМРО е нафта во која се дават македонските птици
ВМРО е најбавниот сперматозоид од кој е направен Македонецот.
ВМРО е новичок на чаршавот на кој водите љубов со Моника Белучи.
ВМРО е суво говно кое не може да се клистира со никакви чепчиња, туку само со длабоко поставени и јаки новогодишни петарди.
ВМРО е експлозив околу половината на Македонецот со кој чипираните идиоти сакаат да ја урнат Македонија.
ВМРО е смог кој на Македонецот му се претставува како шекерна волна и овој ја лапа како дете од сиромашно семејство.
ВМРО е тефлон на кој ништо нормално не може да се залепи.
ВМРО е ортома со која Македонецот го положуваат во гробната дупка уште додека е мал.
ВМРО е омраза, примитивност, глупост и закржлавеност, што Македонецот ги добива како омега три киселини со мајчиното млеко, додека катарактатата ја добива малку подоцна, во претшколска возраст.
ВМРО е Скопје 2014, а Македонецот го носи Скопје 2014 како што Жозелин Вајлдстајн и Мики Рурк ги носат пластичните операции со кои се претворија во чудовишта, плус минусот од седум осмини мозок и култура од почетокот на овој текст.
ВМРО е вакцина што се прима со лопата.
Како ВМРО ја пее Бела чао!?
Црна се чума зададе.
ВМРО се евтини гаќи во кои Македонецот останува без гениталии.
ВМРО се викаат нозете на македонскиот фудбалер со кои овој дава само автоголови.
ВМРО е свиок на патот кон светлата иднина на која треба да излета македонскиот дурмо.
ВМРО е авион на кој на сите аеродроми му е забрането слетувањето од безбедносни причини.
ВМРО е крстот кој Исус го одбил во првиот круг на драфтот викајќи им на Римјаните дека повеќе би сакал да умре отколку да го распнат на гнилите греди од библиската земја.
ВМРО е стаклар кој им ги крши излозите на Македонците за да има што да им продава.
ВМРО ќе се лизне и ќе си ја скрши главата на сапунот да прави сапун од Шиптарите. Ако го видите Мицкота со чалма да чека Нова година, знајте дека тоа е од тоа.
Кога ќе дојде на власт ВМРО ќе ги потепа сите што сега се на власт. На тој начин, чипираните идиоти на Мицко сакаат да покажат дека сегашната власт, всушност, не си ја врши функцијата.
ВМРО е жртва во аферата Рекет 132, на снимката се слуша како Заев вели дека ќе ги пушти да ја земат власта во домашен притвор за една гарнитура „Натуци“ за него и „Панамера“ за Тричко.
ВМРО рекле: важи, ако наместо „Натуци“ Заев прифати некоја софа од Визбегово.
Арно ама Кикифрики ја заебал работата.
ВМРО е форма на групна терапија на идиотите кои на последната сеанса решиле дека следниот конгрес нема да го држат во Солун, туку во Будимпешта.
ВМРО е мевосекот на македонската проститутка.
И на Македонија како проститутка.
ВМРО е казан во кој македонската свиња прави чварки од самата себе.
И ги јаде.
П.С.
Вмро не е политичка партија. Вмро не е проекција на иднината. Вмро е проекција на смртта. Вмро е смртта. Бавна и болна, агонична, неповторлива, хахаха, смрт.
Со оваа слатко четивце им ја честитам Новата година на сите што ќе успеат да не се најдат во него. Особено на оние кои од тоа ќе извлечат поуки за 12 април, кога, всушност, треба да почне македонската година во знакот на Зајакот.
Сите права се задржани. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ.