ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Маричиќ: „Едно општество“ е концепт од кој нема да отстапиме

December 17, 2021 12:21
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за правда Бојан Маричиќ во интервјуто за конференцијата на ЦИВИЛ „Перспективи 2022“, кажа дека „Едно општество за сите“ е политички концепт кој ја промени политичката слика во државата во однос на хармонизирање на односите меѓу заедниците и дека самото носење на оваа стратегија покажа дека Владата навистина сака да се занимава со ова прашање.

– Ние се сеќаваме дека во претходни фази, претходни влади го користеле прашањето на меѓуетничките, меѓукултурните и други разлики како поле за политичка битка, политички провокации, политички манипулации и инциденти кои оделе на штета на граѓаните. Донесувањето на оваа Стратегија го смени просторот и атмосферата за делување и сметам дека е тоа еден сериозно позитивен чекор, истакна Маричиќ.

Според него, овој концепт даде една нова вредност во политичкото дејствување и однесување, бидејќи на овие локални избори имаше коалиции што не сме ги виделе претходно, предизборни коалиции помеѓу партии коишто се од различна етничка припадност.

Маричиќ потенцираше дека има уште многу сериозни чекори што треба општеството да ги направи и апелираше до сите чинители активно да се ангажираат во креирањето на содржини за овој концепт и нивно спроведување.

Само така ќе го чувствуваме сите овој концепт за свој, само така ќе дадеме придонес, само така ќе можеме и да го критикуваме таму каде што мислиме дека не е во ред или може подобро, и само така ќе оставиме едно убаво наследство за идните генерации, да можат веќе да го надградуваат тој концепт, наместо да го градат одново и да почнуваат од нула, порачува Маричиќ во интервјуто за ЦИВИЛ Медиа.

Министерот нагласи дека институциите се фокусирани и на правната рамка, и на правичната застапеност, но и на внесување поинаков дух во образованието, културата, во односите меѓу младите, за препознавање на различностите, механизмите за надминување на конфликтите, борба против говорот на омраза, лажните вести и сè што може да придонесе за зголемување на меѓуетничките и меѓукултурните тензии во општеството.

Спроведувањето на Стратегијата се одвива според предвидениот акциски план и се очекува до крајот на наредната година таа целосно да се имплементира.

Next Post

Заев доби плакета од студентите oд Универзитетот на Југоисточна Европа за поддршката и реализацијата на младинските политики

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk