ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

ММФ со позитивни оценки за економските политики на Владата, антикризните мерки спречија поголеми отпуштања

December 18, 2021 08:40
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Меѓународниот монетарен фонд излезе со оценка дека антикризните мерки во земјава го ублажиле влијанието на пандемијата врз економијата и спречиле да дојде до поголеми отпуштања од работните места. Од оваа меѓународна финансиска институција очекуваат економското заздравување да продолжи и во 2022 година, но предупредуваат дека се уште постои неизвесност поради пандемијата поради што препорачуваат политиките и понатаму да бидат флексибилни.

Во изјавата дадена по завршените консултации во земјава, од ММФ посочија дека вработеноста најверојатно постепено ќе закрепнува, а солиден раст се очекува и кај извозот. Она што би можело негативно да влијае е недоволната имунизација на населението и новите варијанти на вирусот, како и евентуалната политичка нестабилност во земјава поради која би се намалила довербата и би се успорило спроведувањето на политиките. Почетокот на преговори за пристапување во ЕУ, според ММФ, би можело да биде поттик за спроведувањето на реформите со што би се зголемил растот.

Буџетот за 2022 година, кој во четвртокот беше донесен од страна на Собранието, според тимот на ММФ, соодветно ги намалува трошењата поврзани со пандемијата и истовремено продолжува да ја поддржува економската активност.

-На прелиминарна основа, тимот на ММФ очекува фискалниот дефицит да се намали на
4,3 проценти од БДП во 2022 година, од 5,9 проценти во 2021 година. Буџетот предвидува поголеми трошоци во здравствениот сектор, вклучително и за вакцини. Исто така содржи и простор кој овозможува флексибилно да се реагира на потребите од трошења поврзани со пандемијата. Ако потребата за итни мерки продолжи да се намалува, како и што се очекува во појдовната основа, финансирањето би можело да се искористи за поддршка на прераспределба на ресурси помеѓу секторите, вклучително и преку обука и преквалификација на работниците, поттикнување на вработувањето и инвестициите и зајакнување на мрежата за социјална заштита, наведе ММФ во завршната изјава.

Позитивни оценки се дадени и за монетарната и финансиската стабилност. Фиксниот курс на денарот се посочува како сидро на стабилноста, а нивото на девизните резерви се проценува дека е на соодветно за да го поддржи таквиот курс.

– Промени во домашната монетарна политика не би имале влијание врз ефектите од ниту еден од глобалните фактори кои влијаат на инфлациските движења. Сепак, Народната банка на Република Северна Македонија (НБРСМ) треба да продолжи внимателно да ја комуницира својата проценка за тенденциите на инфлацијата, и истовремено да биде подготвена да ги заостри политиките ако инфлацијата во Северна Македонија се случи да биде постојано повисока отколку инфлацијата во еврозоната, што во моментов не е случај, или ако се остварат значителни и постојани притисоци врз девизните резерви, оценува ММФ.

Инфлацијата, според тимот на ММФ, веројатно ќе биде повисока подолго од првично очекуваното, но во втората половина на 2022 година се очекува да почне да се намалува. Очекувањата на ММФ се дека таа во 2022 година ќе биде 3,9 проценти во просек и ќе се стабилизира на околу два проценти во 2023 година. Прогнозите на ММФ за македонската економија се дека таа ќе бележи раст од 4 проценти годинава на 4,2 проценти догодина, а фискалниот дефицит ќе се намали на 4,3 проценти од БДП во 2022 година, од 5,9 проценти во 2021 година.

Ваквите оценки од ММФ беа поздравени од страна на Министерството за финансии и Народната банка од каде посочија дека тие се потврда за исправните економски политики во земјава.

извор: МИА

Next Post

Во Косово уапсени две лица кои му се заканувале на новинарот кој ги нарече криминалци членовите на „Кумановската група“

Shortcut

Најново

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk