ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Заев: Со недела неработен ден правиме уште еден исчекор кон унапредување на работничките права

December 20, 2021 16:39
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Правиме уште еден исчекор кон унапредување на работничките права и социјалната правда, напиша премиерот Зоран Заев на Фејсбук откако во Собранието денеска беа изгласани измените на Законот за работни односи со кои од 1 јануари 2022 недела станува неработен ден односно ден на неделен одмор.

– Со ова законско решение се овозможува воспоставување рамнотежа меѓу професионалниот и приватниот живот на работникот. Оваа рамнотежа придонесува работникот да биде поефикасен и помотивиран на работното место, а од друга страна да има и приватен живот – семеен и социјален, што ги задоволува неговите потреби и потребите на неговите блиски. Им честитам на сите работнички и работници. Вие сте столбот на нашата економија и движечка сила на државата, објави претседателот на Владата на својот ФБ-профил.

Во објавата тој посочува дека новиот закон предвидува 50 отсто повисока дневница за работниците ангажирани во дејности кои поради техничко-технолошкиот процес не смеат да бидат прекинати; 100 отсто повисока дневница за работа во недела за вработените во трговските центри и 2 отсто

од прометот остварен во моловите во претходната година за работењето во недела и празници ќе бидат наменети за изградба на нови градинки.

Ресорната министерка Јагода Шахпаска на Фејсбук напиша дека од 1 јануари недела ќе биде ден на неделен одмор за 92 отсто од работниците.

– Владата на Република Северна Македонија и Министерството за труд и социјална политика го исполнија ветувањето што им го дадоа на работниците – Недела, ден на неделен одмор станува реалност.  Работничките и работниците се столбот на нашата економија и движечка сила на државата. Поради тоа остануваат наш приоритет во градењето на идните политики, напиша Шахпаска на својот фејсбук-профил.

извор: МИА

Next Post

СДСМ: Советник од ВМРО-ДПМНЕ пукал од огнено оружје, ништо не се менува во оваа партија

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk